Exclusive TV Интервју Култура Книги

Интервју со писателката и поетеса Ивана Поповска: Низ моите стихови ја оставам душата!

2615

Дури и кога сите ќе заминат, ќе остане само тоа едно нешто кое се нарекува парче хартија и пенкало на кое можеме најискрено да се искажеме, да ни олесни на самите себе, а и да оставиме белег и печат на времето. Создавањето на книга е уметност и искреност, а не само дарба за пишување. Првото свое пишано дело Ивана Поповска го издава на свои дваесет година, за потоа да следат низа на пишани дела. Покрај неколкуте издадени дела посветува и збитка авторски песни посветени на легендарниот Тоше Проески. Ивана зане да рече дека низ стиховите ја остава и душата. Едно декемвриско попладне пиејќи го топлиот чај од нане ја искористивме можноста да направием интервју со писателката и поетеса Ивана Поповска. Ако ве заскокота сето ова, дознајте до крај што муабет си направивме.

Да се биде искрен е најголем успех на секој човек. Колку Ивана е искрена во своите дела?

Поповска: Девојката со златно срце, секогаш насмеана, секогаш со позитивна мисла и идеа која сакам да ја реализирам. Постојано барам нови визии и насоки кои ќе ја отсликаат мојата замисла. Јас се трудам постојано да го дадам најдоброто од себе, и во своите дела се внесувам во целост.

Критиката од читателите е најискрената оценка за еден писател. Кое е она дело кое најмногу ја истакна Поповска?

Поповска: Мислам дека секое мое дело зборува за мене,низ моите стихови е оставена душата, и секогаш го следам својот внатрешен глас, кој всушност е моето второ јас.Сепак мислам дека низ поемите за Тоше се вдахнува дел од мене, дел кој постојано е присутен и во мојата мисла.

Ако секој сам си го пишува живото, како тој роман би го насловила и зошто?

Поповска: Кога секој би напишал нешто за себе, тоа всушност би била една енциклопедија каде човек би можел да најде дел од нечиј живот, нечии воздишки, нечија судбина...Кога би бил тоа романот на мојот живот, тоа ќе биде...Ивана, збор и дело...

Секоја мисла преточена на лист хартија е со своја тежина во твоите дела. Од каде инспирацијата?

Поповска: Инспирација може да надојде од секаде. Не е вачно каде се наоѓа човек, тоа е миг кој остава свој печат на душата. Тогаш всушност и се создаваат најубавите фрази, најубавите стихови...

Дали се има случено во некоја книга да пишуваш за самата себе и блиските, а притоа да е прикриено тоа со псевдоними?

Поповска:  Во секое дело, авторот се труди да остави дел од себе, дел на кој вечно ќе навраќа неговата мисла, дел кој ќе го носи во себе како најубав дар..

Целиот твој живот си верна на пишаниот збор, во секоја смисла. Од кого ја добиваш најголемата поддрша и што е следно од тебе?

Поповска: Јас од како знам за себе, постојано се дружам со пишаниот збор, на тој начин се пронаоѓам сама себе си, го наоѓам оној внатрешен мир. Секојдневно давајќи го она најдоброто од себе..Имам голема поддршка од родителите, кои се и мојот мотив, секогаш да се оди напред...

Денес да е последен ден од овој светото која порака Ивана би ја запишала за да остане вечна?

Поповска: Кога денес би бил последен ден јас би напишала...Луѓе мои, живеев среќна, создадов богатство на душата, и смирено заминувам.

Новинар: Димитар Бабалков