Спорт Фудбал

Кинезите на Роналдо му нудат 150 милиони евра по сезона! Дали ќе прифати?

2802

Агентот на Кристијано Роналдо, Жорге Мендеш открива дека за неговиот клиент има понуда од Кина во висина од неверојатни 300 милиони евра, а играчот би земал плата од 150 милиони годишно.

Кинезите нудејќи непристојни суми успеваат да купат големи фудбалери, последни кои заминаа таму се Карлос Тевез и Оскар.
 
Жорге Мендеш открива дека на Реал Мадрид добил понуда од 300 милиони евра за Роналдо. Португалецот би земал 150 милиони евра за една сезона, сума која е безобразно висока. Но очекувањата се дека Роналдо нема да ја прифати понудата.
 
„Понуда од 300 милиони евра дојде од Кина до Реал Мадрид и 150 милиони евра за една сезона за Кристијано. Но парите не се се во животот, Реал Мадрид е клубот на неговиот живот“ - вели Мендеш.