Вести Свет Економија

Во Новата година, поскапуваат цигарите, бензинот и кафето

5430

Законот, кој влегува во сила денеска, предвидува зголемување на цените на горивата и цигарите.  Промени на цените ќе има дури и за електронските цигари.

Поскапувањето на кафето е до 25 отсто. Повисоки оваа година ќе бидат и сметките за фиксната телефонија и интернетот.

Во 2017. се менува и даночниот режим за островите во Грција, кои до моментов користеа серија даночни олеснувања. Измените требаше да влезат во сила од почетокот на годината за сите грчки острови, но пред неколку дена Парламентот изгласа одложување на зголемувањето на ДДВ за 31 декември 2017 година на островите Хиос, Лезбос, Самос, Самотраки и Додеканезите. На останатите острови од 1 јануари ДДВ се зголемува за 30 отсто.

Дали ваквиот бран ке ја зафати и Македонија засега нема анализи.