Вести Црна хроника

Убиство во Скопје: Наместо да слави Ноова година, неговите го оплакуваа

34779

Вчера околу 14:25 часот од Итната медицинска помош во Скопје, било пријавено дека при нивна интервенција на улица „Призренска“ кај домот за стари лица имало паднато лице.

Се работи за лицето Д.И. (50), вработен во фирма лоцирана на улица „Призренска“, каде е и пронајден мртов.

По кажување на доктор од Брзата помош смртта настапила како последица од удар со тврд предмет во пределот на главата.

По наредба на Јавното Обвинителство телото е предадено за обдукција.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.