Вести Црна хроника Свет

Утринава 3 лица загинаа во сообраќајна несреќа

18553

Три лица смртно настрадаа во сообраќајна несреќа која утринава се случила во населбата Буна во близина на Мостар, потврди „Klic.ba“ во Оперативниот центар на Полицијата.

Несреќата се случила утринава околу 6 часот, а на овој дел од магистралниот пат М-17 сообраќајот е целосно запрен.

Како што наведува полицијата увидот сеуште трае, а идентитетот на настраданите ќе биде познат по направениот увид.

Несреќата се случила кога автомобил марка „BMWсе заби во багер кој се движел во тој дел од патот.

Од силината на ударот автомобилот се одбил а од спротивната страна доаѓал друг автомобил марка „Ауди“, пренесува „Bljesak.info“.

Возачот на Аудиот и возачот на багерот се здобиле со полесни телесни повреди, а сите патници од „BMW“-то се починати.