Спорт Ракомет

Миркуловски тренира како лав - „Кога татковината те вика, нема време за пауза!“ (видео)

3113

Македонската ракометна репрезентација се подготвува за настапот на СП 2017 во Франција, а дел од неа ќе биде големиот и неуморен борец во црвено-жолтиот дрес, Филип Миркуловски.

Популарниот „Жути“ кој влегува на некои места со глава каде некои не би влегле со нога, иако уште не е пристигнат во составот на Лино Червар, напорно се подготвува за ракометниот Мундијал. Миркуловски објави видео на социјалните мрежи, во кое порачува - „Кога татковината те вика, нема време за пауза“. 

Во продолжение, погледнете како еден од најборбените македонски спортисти се подготвува за настапот на СП 2017.

 

Видео