Култура Филм Книги Забава Шоу Бизнис

Почина авторот на срната Бамби

1312

Американскиот уметник од кинеско потекло, Тајрус Вонг, легендата на студијата Волт Дизни („Walt Disney“) кој е авторот на омилениот детски цртан лик срната Бамби, починал оваа седмица на возраст од 106 години, објави музејот „Wal Disney Family Museum“.Тајрус Вонг, роден во Кантон, емигрирал во САД додека бил дете, починал во четвртокот опкружен од семејството, според соопштението.

Тој работел само три години во студијата „Walt Disney“, од 1938 до 1941 година, но неговата трага останува неизбришлива. Визијата на авторот на Бамби и работата на Тајрус Вонг и натаму и денес вдахновува.

Неоспорното ремек дело на анимацијата, филмот „Бамби“ е снимен во 1942 година, а во 2006 година студиото „Walt Disney“ го подготви продолжувањето „Бамби 2“, многу близок до оригиналот и на уметнички и на технички план.

Срната Бамби е дело од 1920 година на унгарскиот писател Феликс Салтен, кој бил пријател со Зигмунд Фројд. Добитникот на Нобеловата награда за книжевност Томас Ман му го подарил романот на Волт Дизни кој решил да го екранизира.

„Бамби“ во 2011 година беше вклучен на листата на културно, уметничко и историско наследство на САД. Претходно во 2001 година Вонг беше од фондацијата при „Walt Disney Family Museum“ беше наречен „Легенда на Дизни“

Тајрус Вонг, роден во Кантон, емигрирал во САД додека бил дете, починал во четвртокот опкружен од семејството, според соопштението.

Тој работел само три години во студијата „Walt Disney“, од 1938 до 1941 година, но неговата трага останува неизбришлива. Визијата на авторот на Бамби и работата на Тајрус Вонг и натаму и денес вдахновува.

Неоспорното ремек дело на анимацијата, филмот „Бамби“ е снимен во 1942 година, а во 2006 година студиото „Walt Disney“ го подготви продолжувањето „Бамби 2“, многу близок до оригиналот и на уметнички и на технички план.

Срната Бамби е дело од 1920 година на унгарскиот писател Феликс Салтен, кој бил пријател со Зигмунд Фројд. Добитникот на Нобеловата награда за книжевност Томас Ман му го подарил романот на Волт Дизни кој решил да го екранизира.

„Бамби“ во 2011 година беше вклучен на листата на културно, уметничко и историско наследство на САД. Претходно во 2001 година Вонг беше од фондацијата при „Walt Disney Family Museum“ беше наречен „Легенда на Дизни“.