Вести Став-Колумни Ексклузивни вести

Радовишанец: Чекајќи ноќна 2ка, на Нова година, си фати девојка!

69937

Додека најголемиот број на луѓе на последниот ден од старата година се собираат на различни прослави за дочек на Нова година, момче (24) од Радовиш имал многу поразличен момент. После лудата и весела ноќ, накај два часот по полноќ на Нова година стоел на една од постојките на „Партизанска“ за да си замине дома со ноќна двојка. Ладното време не го поколебало да фати такси, напротив останал да стои речиси еден час.

„Бевме собрани кај еден другар во стан, домашна атмосфера за Нова година. Како да знаев, нешто од внатре ме тераше, да не останам кај него да преспијам. Накај два часот по полноќ излегов и се упатив накај постојка да фатам автобус. Додека пушев цигара, а прстите ми беа премрзнати ми пристапи една девојка и ме праша колку долго чекам автобус. Кратко, и одговорив. Сакаше да запали цигара, но немаше запалка. И помогнав и започнавме некој клише муабет.  За среќа, и таа чекаше ноќна двојка. Не ни претпоставував дека ќе се запознаеме. Автобусот од нигде не се појавуваше, па одлучивме да заминеме во еден од локалните кафулиња, поради студот. Цела ноќ теравме лабаво, а следниот ден пиевме кафе. Се одеше како на филм. Денес е моја девојка, а јас нејзин избраник“, раскажува среќното момче.

Инаку, поради скромноста, момчето сакало да остане анонимно, соопштува лицето кое ја сподели информацијата.

Допис од: Р.У.

Превземање на оваа содржина, во целост или делови, не е дозволено освен со писмена дозвола од Еxclusive.mk во спротивно секое неовластено копирање ќе се фактурира согласно ценовникот на нашата редакција.