Култура Филм

Кој е најгледан филм за 2016 година?

991

Филмот „Captain America: Civil War“ е најгледаното остварување во 2016 година, во кино салите ширум светот. Овој филм од Марвел, направи заработка од над една милијарда долари.

Над милијарди долари заработка имаат и анимираните „Looking for Dory“ и „Zootopia“. Дека децата биле најчести посетители во кино салите ширум светот кажува и податокот дека во топ пет најгледани филмови се наоѓаат и „The Jungle book“ и „The Secret Life of Pets“. Играниот филм на Disney оствари профит од 966 милиони долари, додека пак „The Secret Life of Pets“ заработи 875 милиони долари. 

Покрај „Captain America: Civil War“ на листата за филмови со најголема заработка се и „Batman v Superman“ (873 милиони долари), „Deadpool“ (783 милиони долари), „Suicide Squad“ (745 милиони долари) и „Doctor Strange“ (656 милиони долари). Интересен е фактот дека два од овие филмови, односно „Batman v Superman“ и „Suicide Squad“ се најдоа на листата за најлоши филмови, според филмските критичари.

 

Според листата на најгледани филмови изминатата година, најуспешно студио било студиото на Disney, чии филмови заработиле над седум милијарди долари. Ова е прв пат во историјата, едно филмско студио да оствари толку голема заработка.