Вести Црна хроника

Семејна драма: Не му дала 1.000 денари, сопругот ја претепал и ѝ ја запалил облеката

2657

Дваесет и четиригодишната Џ.А. од гостиварска Долна Бањица, вчеравечер околу полноќ пријавила семејно насилство што претходно го извршил нејзиниот 35-годишен сопруг С.А.
 
-Тој во 21 часот се вратил дома и на сопругата и побарал 1000 денари, а откако му кажала дека нема, физички ја нападнал, повеќе пати удирајќи ја со тупаници по главата, по што ја избркал надвор и и ја запалил облеката и личните документи. Според нејзината пријава, С.А. подолго време психички и физички ја малтретирал и побарала кривичен прогон, информираат од СВР Тетово.
 
Набрзо, С.А. лишен е од слобода, задржан е во Полициската станица Гостивар за расчистување на сите поединости и ќе се соочи со соодветен поднесок.