Останато Спорт

Американците први финалист на тенискиот Хофман куп

535

Американската тениска селекција е првата која обезбеди пласман во финалето на Хофман купот кој се одржува во Перт, Австралија. 
 
Селекцијата САД ја забележа втората победа на Хопман купот, откако Американците го добија сите три меча во дуелот со селекцијата на Шпанија, во натпревар од 2.коло на Б групата.
 
Американскиот тандем Коко ВАНДЕВИНГЕ и Џек СОК ги добија сите три меча против  Лара АРУБАРЕНА и Фелицијано ЛОПЕЗ. 
 
Со тоа Американците го осигураа и 1.место во групата, а воедно и пласманот во финалето.
 
Во вториот меч одигран денеска домаќинот и бранител на титулата од лани селекцијата на Австралијците загуби од Чешка со 2-1 во мечеви.