Здравје Медицина Исхрана Рецепти

Стоп за КАШЛИЦАТА: Домашен напиток и сте здрави како дрен!

4365

Главната состојка на овој еликсир е свеж сок од ананас. Сокот на егзотичниот плод е ефективен не само за топењето на масти туку и за ублажување на кашлицата. Богат е со витамин Ц и придонесува за брзо оздравување.

Примајќи го овој еликсир, ќе го намалите сушењето во грлото и ќе го стимулирате создавањето на шлајм. Густиот слуз во белите дробови или синусите може да доведе до појава на сериозна кашлица и дополнителни воспаленија.

За подготовка на овој еликсир потребни се:

230 милилитри свежо исцеден сок од ананас

60 милилитри сок од лимон

парче ѓумбир

1 лажица мед

малку црвен лут пипер

Се меша сè во блендер. Количината што ќе се изблендира поделете ја за две до три пиења во текот на денот. Еликсирот пијте го додека не почувствувате олеснување од кашлицата.