Останато Спорт

У_21: Македонија на стартот од групата против Полска

1284

Младинската ракометна репрезентација на Македонија денеска со натпреварот против Полска ги почнува натпреварите од квалификациската група што до 6.јануари ќе се игра во Скопје (СРЦ Кале).

Според рангот и најавите дуелот со Полска би требало да биде решавачкиот за пласман на СП што летово ќе се игра во Алжир. Полска на последното ЕП што се одржа во Данска го освои 8.место, додека Македонија беше пласирана на 15.место. 
Само првопласираната репрезентација ќе обезбеди пласман на завршницата. Ова за оваа наша селекција е последен настап во младинска конкуренција. Во групата покрај Македонија и Полска се уште и селекциите на Португалија и на Турција, кои и ќе ги отворат натпреварите во оваа група.
 
Распоред на натпреварите во групата во Скопје.
4.јануари (среда):
15:00 часот: Португалија - Турција
17:45 часот: Македонија - Полска
5.јануари (четврток):
15:00 часот: Турција - Полска
17:45 часот: Македонија - Португалија
6.јануари (петок):
12:00 часот: Полска - Португалија
14:30 часот: Македонија - Турција