Вести Црна хроника

Од Вардар извлечен женски труп, идентитетот непознат

2072

Вчера околу 12.55 часот во водите на реката Вардар забележано било човечко тело кое застанало во грмушки на десниот брег од реката.

Од страна на екипа на Противпожарната заштита, телото е извадено од водите на реката Вардар, а екипа од Итна медицинска помош се обидела да изврши реанимација, но не успеала и констатирале смрт.

Се работи за женско лице на возраст од 60 до 70 години. На телото немало забележливи физички повреди, а не биле пронајдени ниту лични документи во облеката. 

Увид бил извршен, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата е предадено во институтот за судска медицина за обдукција.