Автомобилизам Технологија

Прв пат во повеќе од половина век во Шведска Волво не е најпродаван автомобил

5939

Најпродаваниот автомобил во Шведска во 2016-та година не бил Волво – ова се случува прв пат во повеќе од поливина век.

Наместо тоа, Фолксваген Голф е на врвот на продажбата минатата година, соопшти според шведската Асоцијацијата на производители на автомобили. Голф сочинува 5,9 проценти од новите автомобили купени во земјата, додека Волво имаше дел од 5,7 проценти од продажбата.

Последен пат кога Волво не бил на врвот на листата најпродавани возила било во 1962-ра година, кога Фолксваген Буба беше на чело на листата..

Иако автомобилскиот бизнис на Волво сега е во сопственост на кинеската компанија, Zhejiang Geely холдинг група, се уште се смета за иконa на шведскиот бренд. Волво се уште има најголем удел во вкупниот пазар на автомобили во земјата, имајќи предвид дека повеќе од еден во пет автомобили (21,5%) на патиштата во Шведска се Волво, во споредба со 15,7 проценти на Фолксваген.

Здружението вели дека во 2016-та имало рекордна продажба на автомобили со 372.000 нови регистрации, што е за 8 проценти повеќе во однос на бројката од 2015-та година. Ваквиот пораст се должи на силната економија, пренесува BBС.