Спорт Останато

Младите македонски ракометари се пласираа на Светското првенство

2505

Младата ракометна репрезентација на Македонија обезбеди пласман на Светското првенство за играчи до 21 година
 
Македонските ракометари по потешкиот пат успеаја да го освојат првото место во третата квалификациска група и тоа со ист број на бодови како и Португалија, но подобра гол разлика. 
 
Во првиот меч од последното 3.коло, Португалија ја победи Полска  со 34-21, па македонските младинци беа пред немозможна мисија да ја совладаа на Турција со 19 гола. 
 
Така и беше. Првото полувреме црвено-жолтите го добија со 9 гола разлика 22-13, а во вториот беа уште подобри и на крајот славеа голема победа од 20 гола разлика 39-19.
 
Со тоа Македонија обезбеди пласма на Мундијалот во Алжир кој ќе се одржува од 17 до 30 јули претстојново лето.