Забава Шоу Бизнис

Рада дрско го поздрави Гранд, причината за напуштањето Александра Пријовиќ!

49484

Рада Манојловиќ дефинитивно одлучи да ја напушти Гранд продукција и тоа поради снаата на Брена, Александра Пријовиќ.

Рада заминува бидејки и е љубоморна на Александра, девојката на синот на Брена и смета дека треба да стави крај на тоа што продукцијата почнала да ја третира само како замена во последен момент.

-Ми здодеа новопечени ѕвездички да ставаш во прв план, а јас да ти ги потполнувам дупките во емисиите кога другите ќе те извисат. Затоа ќе побарам друг издавач, му порача Рада на Саша.

Таа веќе нема договор со Гранд и сега е слободна. Однесувањето на Саша го доживеа како предавство и тешко и падна што е злоупотребена.