Астрологија Забава

Дневен хороскоп: Вагата нека избегнува патување, Стрелецот привлечен за многумина!

6032

Овен

Работата доста ќе ве исцрпува, а работните задачи ќе ви одземаат повеќе време од вообичаено. Ќе бидете нерасположени бидејќи немате соодветен план. Ќе се обидувате да ги споите љубовта и работата што ќе ви биде многу тешко. Партнерот не ви е многу наклонет, па затоа бидете практични и реални кога е во прашање соработката. Ве очекуваат здраствени проблеми.

Бик

Љубовната ситуација ќе ви излезе од контрола. Ќе се чуствувате беспомошно и ранливо, особено поради некои гревови на партнерот од минатото. Спротивната страна може да ве прободи таму каде што сте најранливи. А тоа ќе испровоцира кај вас изливи на бес, но за жал во погрешно време и на погрешно место. Завртете се кон работата бидејќи тука можете да имате повеќе успех. 

Близнаци

Денес ве очекува работно успешен ден. Ги шармирате соработниците и конкуренцијата така да ќе можете да си ги остварите сите желби. Можете да постигнете повеќе од очекуваното. Обидете се тактично да му пријдете на актуелниот проблем и за него да најдете најдобро решение. Тоа е идеален начин да ја избегнете нервната раздразнетост. Пиете течности. 

Рак

На припадниците на овој знак, особено на оние од понежниот пол им се препорачува во исполнување на своите желби да бидат поотворени и поспонтани, доколку сакаат да ги разбере околината. Во спротивно ги очекуваат непријатни изненадувања и драматичен и емотивен пресврт. Тоа е последица на копнежот за разновидни љубовни контакти. Бидете внимателни кога работите со електрични апарати. 

Лав

Подготвени сте да му се посветите на работата и тоа целосно. Брзо ќе ги увидувате грешките и веднаш наоѓате решенија од нив да се спасите. Бидеји се можни некои непријатности, добро би било во се денеска да бидете повнимателни. Во врската со партнерот пожелно би било денеска повеќе да молчите. Празните зборови само можат негативно да делуваат врз односот со партнерот.

Девица

Не се напрегнувајте, правете одмор од време на време ќе имате време за се она што сте наумиле да го остварите. Околината тешко ќе може да ја разбере вашата ситуација. Самоувереноста може да ви направи напнатост во односите со некои луѓе кои ви се посебно мили. Ако видите дека луѓето не ве разбираат повлечете се, но не се однесувајте како да се помалку вредни од вас. Здравје: многу доборо.

Вага

Денеска подобро ќе се чуствувате. Ќе располагате со малку енргија, но сепак ќе бидете мирни и ќе имате добар однос со претпоставените. Денот е поволен за деловни контакти и деловни зделки, но не и за голема заработувачка. Финансиската состојба не ви е најдобра. Избегнувајте да патувате, бидејќи планетите не ви се наклонети за тоа. Во љубовните врски односите се стаблини.

Скорпија

Денеска ќе бидете повеќе расположени за другарување и разговори отколку за работа. Некоја личност која вие ја почитувате и многу ви значи, ќе се најде во проблеми кои нема да знае да ги реши. Иако ништо конкретно не ќе можите да сторите сепак бидете покрај неа и дадете му подршка и разбирање. Некогаш на луѓето само тоа му е потребно. Здрвје: одлично се чуствувате.

Стрелец

Ќе сакате да се одморите, но тоа е дискутабилно колку ќе ви оди од рака. Некој навистина магнетски го привлекувате, но не сте задоволни со поедини случаеви. Врската со некоја помлада личност било тоа да е емотивна или деловна во секој случај е доста значајна. Резултатите од работата се видливи, но бидејќи постои можност некој да ве изнервира, избегнувајте расправии и водете сметка за тоа што помалку да озборувате.

Јарец

Многу ви одговара самостоја, работа во изолација. Емоциите ги потискате, а од малите проблеми со партнерот без причина умеете да направите вистинска драма. Моментално не сте во состојба за настаните трезвено да размислувате, па ги оставате за друго време. Занимавајте се со некое хоби и нешто од што имате директна корист, но не го заборавајте и дружењето со пријателите. Ќе имате прилика за напредување.

Водолија

На работно место ќе ги одстраните пречките за деловниот развој. Искористете ги познанствата и наклонетоста на една влијателна личност. Вашата издржливост ќе се исплати. Свртете ја ситуацијата во своја корист. Во љубовта би требало да го послушате говорот на сопственото тело. Комбинација од пријателство и физичка привлечност ќе ве прикаже како неодоливи и важни за околината.

Риби

Денеска не брзајте. Концентрирајте се на вашите секојдневни работи и живеете во мир. Нагалсен ви е односот со јавноста, пример, правни работи, договори, и партнерство. Финансиската ситуација во моментот е задоволителна, па тоа нема да ве оптеретува. Некои од вас пак ќе бидат окупирани со размислувањата за нешто посериозно Здравје: внесувајте повеќе витамини.