Вести Свет

Најлудото откритие за Садам Хусеин: Имал машина за сечење во која што фрлал живи луѓе

8173

Во озлогласен ирачки затвор, наводно живи луѓе фрлале на „сецкалка“ каде што умирале во страшни маки.
Британската група наречена Indict, основана со цел да започне процес на судење за воени злосторства кои што ги сторил ирачкиот диктатор Садам Хусеин, константно ја повторуваше приказната дека Садам и неговиот син Кусај имаат „сецкалка“ за луѓе која што ја користеле за измачување и убивање на затвореници во озлогласениот затвор Абу Граиб.

За тоа пишуваше во 2003-та година лабористичката советничка Ен Клојд во својат колумна повикувајќи се на анонимни извори. Таа пишуваше дека „постои сецкалка, изворно користена за уништување на пластика, но во неа во затворот Абу Граиб фрлале живи луѓе, додека останатите морале да гледаат“.

Таа пишуваше дека затворениците кои што паѓале на глава „имале среќа“ да умрат веднаш, за разлика од оние кои што паѓале на нозе и долго умирале во страшни маки. Било ужасно и нејзиниот извор ѝ потврдил дека лично сведочел на 30 такви убиства. Остатоците од нивните тела биле „пакувани“ во кеси и често биле користени како храна за рибите.

Бројни светски медиуми го пренесуваа ова, но никогаш не биле пронајдени цврсти докази за постоењето на „сецкалката“. Еден репортер на „Гардијан“ ги побарал барем имињата на луѓето кои што разговарале со ирачките затвореници, но од Indict не сакале да откријат никакви дополнителни информации.

Новинарот Брендан О’Нил разговарал со доктор кој што работел во озлогласениот затвор за време на диктатурата на Садам Хусеин. Тој му раскажал дека условите биле ужасни, но дека никогаш не слушнал за никаква „сецкалка“. Колку што му било познато, во затворот имало убиства, но само со бесење.