Став-Колумни Exclusive TV Македонија Фотографии од читатели Секс и Интима

Најромантичната божиќна МАКЕДОНСКА љубов - ВИСТИНСКА љубовна ПРИКАЗНА за двајца студенти

12057

Беше тоа Бадник пред 8 години...

Проклето студен и снежен ко денешниот. Ви текнува на оние празници пред испитна сесија што мора да ги поминете сами во учење. Ете таков Бадник.

Таа остана сама во студентскиот стан што го делеше со најдобрата цимерка на свет, а подоцна и другарка за навек. Личност што не сака осаменост тешко го поднесува отсуството од домот во такви денови. Паричка сама со себе не можеше да си дели, а и уставното право беше веќе научено за пеење.

19:00 време беше за бадникова вечера, а солзите веќе на праг. Прошетка до најблискиот маркет, малку воздух и тон тага.

Само што ја затвори вратата од надворешна страна сфати дека ги заборави клучевите внатре. Кој паметен ги измислил овие смарт врати што се отвараат само од внатрешна страна.

Сега пак беше сама ама не дома. Надвор, на улица, на ладно, на студ, на снег, на мраз, на -10. Си помислила Господе имаш ли милост... Веќе солзите не беа дилема. Дилема беше кој број од именикот да го сврти, на која врата да тропне, каде да ја помине ноќта. Во град каде што немаше роднини, во викенд-зграда каде што немаше комшии...

Последниот повик во телефонот од пред некој час беше од близок другар кој се јави да ја праша како е, дали и треба нешто.

Знаеше дека ја мачи носталгија за дома.

Беше тоа еден од оние искрени другари што знаат да изненадат со деливери палачинки, чоколади, домашна храна, новогодишни поклони... еден од оние што те викаат да му помогнеш во "чистење" без да сетиш дека всушност те поканил на ручек. Еден од ретките жители на тој град што знаеа како е да си студент далеку од дома, иако и самиот тоа не беше. И не, не беше тоа специјален третман што го уживаа двете девојчиња од "третиот цимер". Беше тој другар за во добро и зло со сите. 

Токму така. И сега тој беше "спасителот" што го прибра "девојчето со ќибритчињата" во својот дом... по којзнае кој пат. Иако таа знаеше дека во градот не е обичај да се слави Бадник, сепак и беше непријатно што е принуден гостин во туѓа куќа. Се уште не ја имаше довршено мислата кога се најде во неговиот дом, со неговото семејство, пријатели и бадникова вечера. Баш кога помисли дека овој пат таа го изненадила, тој изненади пак. Се беше испланирано и спремно одамна само за да другарката не биде сама за Бадник. Најмагичниот Бадник на свет. Онаков каков што мислевте го има само во приказните.

И не е ова уште една “love story“ што треба да ја споделиш за да те прати среќа 100 години. Се шегувам. Ова е приказна во која сите ликови, настани и датуми се реални и вистинити. Приказна која се раскажува на внуците во старост.

Од тогаш не поминува ниту еден Божиќ без да помисли на братот и цимерката. Среќа е што ве имам. Човек не мора да има роднини за да има семејство.

А "девојчето со ќибритчињата"? Да. Тоа штотуку ви ја раскажа оваа бадникова приказна.

Добрите луѓе се секаде околу нас. Ако не можеш да пронајдеш еден, биди еден! Верувај во чуда и прави чуда!

Среќен Божиќ најмили.

Љубов и добрина да ви ја греат душата.

Допис од читателка

Превземање на оваа содржина, во целост или делови, не е дозволено освен со писмена дозвола од Еxclusive.mk во спротивно секое неовластено копирање ќе се фактурира согласно ценовникот на нашата редакција.