Забава Астрологија

Дневен хороскоп (01.08.2017) Недела

3627

Овен (21.03 – 20.04)

Разговорот со еден член од семејството ќе биде позитивен и ќе ви даде сигурност кога се во прашање вашите планови и тежнеења. Најавени се значајни позитивни случувања во домот и генерално приватноста. Ќе се чувствувате убаво во својата кожа и ќе бидете опкружени со луѓето кои ги сакате.

Бик (21.04 – 21.05)

Некој ќе ве разочара со својата недоверливост. Анализирајте го развојот на ситуацијата и дали одредената личност има слични постапки кон другите. Доволно е само да бидете свесни дека инфериорноста е лош советник. Наместо да ја судите, сожалувајте ја!

Близнаци (22.05 – 22.06)

Потребен ви е мир, но Вие како да не посакувате тоа да го направите, поради тоа што морате да го промените планот. Подготвени сте да одите преку своите можности и размислувате како да се изборите со конкуренцијата, без разлика за што станува збор и со која работа се занимавате.

Рак (22.06 – 22.07)

Се заморивте многу во последниот период, време е за одмор. На љубовен план може да се каже дека „ви цветаат рози“ не грижете се и не се сомневајте во партнерот. Денес ќе ви посвети особено внимание. Можна е главоболка.

Лав (23.07 – 22.08)

Можни се промени во односот со партнерот или ќе бидете ставени под мониторинг. Можеби некои личности од вашата околина ќе го судат вашето однесување или вашите лични избори. Тоа значи дека треба да бидете многу внимателни и да размислите како на најдобар начин да се носите со актуелните предизвици.

Девица (23.08 – 22.09)

Се чувстувате добро во друштво на некоја личност со која можете лесно да воспоставите добра комуникација. Верувате во можноста за добар исход од работата колегите со кои секогаш сте биле во добри односи.

Вага (23.09 – 22.10)

Некој сака да се сретне со вас и да ви даде до знаење дека можете да сметате на него. Ако се работи за потенцијален соработник, ќе бидете успешени, но ако станува збор за една Водолија или еден Овен. Можни се пријатни вести од странство.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Се чувствувате одлично во друштво со оние кои се подготвени да ви сторат услуга, особено ако сте на пат и ако се работи за некој со кој после долго време сте се сретнале, сосема непланирано некаде на пат. Можете да се надевате на повик од личност на која сте слаби.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Врската со некој кој живее во странство може да биде одлична, особено ако станува збор за средба со лице кое доаѓа од прекуокеанските земји. Можни се вонредни добивки. Внимавајте можни се настинки.

Јарец (22.12 – 20.01)

Денес ве очекуваату непредвидени проблеми, особено ако се работи за соработници во рамките на поголем тим. Пречувствуително реагирате на секој вид на критика од личност со која никогаш не сте биле во состојба лесно да ги решите проблемите во врска со финансиите.

Водолија (21.01 – 19.02)

Утрото може да биде бурно, особено ако сте родени кон крајот на знакот, а не сте се прилагодиле затоа што сакате на секого да му кажете во лице се што мислите. Партнерот ви води инает за непотребни работи. Но не грижете се, тоа е само минлива фаза.

Риби (20.02 – 20.03)

Не влегувајте во никакви разговори за нешто што би можело да ве извади од такт, особено не ги разгледувајте принципиелните прашања затоа што немате никаква корист. На некој му е многу важно да се види со вас и да разговара за можното продолжување на соработката. Потребни ви се соработници кои се на ваше ниво кога станува збор за искуството.