Вести Црна хроника

26 годишно момче од Прилеп пронајдено мртво!

7518

Во објектот на поранешно инфективно одделение на болницата  во Прилеп вчера е пронајдено починато лице, соопшти полицијата.

Смртта била констатирана од страна на лекар од ИМП, а увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа на прилепската полиција. Констатирано дека најверојатно се работи за лицето П.М. (26) од Прилеп.

По наредба на јавен обвинител над телото на починатиот ќе се врши обдукција.