Вести Свет

Студот ја зеде првата жртва! Почина 35 годишен маж

13275

Бездомник од Албанија е првата жртва од студениот бран што го зафати регионот изминативе денови.  Минусните температури му пресудиле на 35 годишниот човек кој најчесто престојувал  во пристанишниот град Драч.

-Ова е човечка трагедија, која предупредува. Локалните функционери не треба да чекаат бездомниците или сиромашните да ги заземат  нивните канцеларии туку да излезат на терен заедно со своите вработени за да ги идентификуваат луѓето кои имаат потреба и да им пружат помош и засолниште – реагираше народниот правобранител Игли Тотозани.

Инаку, целата територија на Албанија е закована во снег и студ, а регистрирани се температури од минус 20 степени.