Вести Свет

Опасност за светот: Терористички напад во Ерусалим, најмалку 4 жртви (видео)

1708

Камион со кој управувал Палестинец удри во група пешаци во Ерусалим, најмалку четири лица загинаа, а 15 се повредени.

Израелската полиција прецизира дека се работи за група на војници кои се симнувале од автобус. Двајца од повредените се во критична состојба. 

„Се работи за терористички напад“, изјави портпаролот на полицијата кој објави дека телата се „рафрлани“ по улицата. Нападот се случува неколку недели откако 12 лица загинаа во напад со камион во Берлин.