Вести Црна хроника

Ниските температури кобни за 68 годишен скопјанец! Пронајден мртов

3581

Бездомник на возраст од 68 години е пронајден починат во скопската населба Аеродром на улицата „Бојмија“, информираат извори од Министерството за внатрешни работи.

Смртта на бездомникот ја пријавил негов другар, исто така бездомник, кај чуварот позади старите магацини на АРМ во чуварницата спроти поликлиниката Јане Сандански на улицата „Коста Новаковиќ“.

Случајот бил пријавен во полиција утрово околу 9.30 часот. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по нардба на Јавен обвинител телото е предадено на судска медицина за обдукција.