Вести Медицина

Утринската температура до минус 24 степени - Во вечерните часови слаб снег

5212

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и понатаму многу студено со услови за повремено провејување на слаб снег од вечерните часови.

Утринската температура ќе се спушти до минус 24 степени целзиусови, а дневната ќе достигне до минус четири степени.

Во Скопје слично време со минимална температура од минус 16 степени, а максималната до минус 8 степени.

Во вторник ќе има повремени врнежи од снег и се уште ќе дува северниот ветер, но ќе биде послаб. Во среда и четврток ќе преовладува променливо облачно време и ќе започне постепен пораст на температурата. На крајот на работната недела краткотрајно ќе дува јужен ветер и со позначителен пораст на температурата на воздухот од запад ќе започнат нови врнежи кои на југот од земјата ќе бидат од дожд.