Вести Свет

МУ СМРЗНАА ТРЕПКИТЕ: Ова е пожарникарот-херој кој цел ден спасуваше завеани на автопат (ФОТО)

4590

На пожарникарите кои во Србија спасуваа завеани од снегот, на крајот на денот им биле заледени дури и трепките. Снежната бура која ја зафати Србија остави многу луѓе завеани на автопат, кои беа спасени со брзата и херојска помош од пожарникарите.

Сите сакаа да го знаат името на херојот кој цел ден спасувал животи. Се работи за пожарникарот Миодраг Рајковиќ кој бил со својот колега Милан. Тие работат во пожарникарската бригада во Ниш.

Хероите велат дека се збунети од медиумското внимание и дека не очекуваат награда за хуманоста, бидејќи постапиле човечки и само си ја вршеле работата.