Вести Економија

Од полноќ поскапуваат бензините во Македонија

5954

ензините поскапуваат за половина денар, цената на дизелот не се менува.

Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од полноќ, литар ЕУРОСУПЕР БС 95 ќе се продава за 67 денари а ЕУРОСУПЕР БС 98 за 69 денари.

Цената на дизелот не се менува и тој и натаму ќе се точи за 53,5 денари по литар.

Не се менува ниту цената на Екстра лесното масло за домаќинство кое и натаму ќе чини 42 денари за литар.