Забава Шоу Бизнис

Тага до небо: Татко му му се јавил по појавувањето во “Јас имам талент“, но еве што му кажал!

51353

Појавувањето на Дејан Кетиќ во шоуто “Јас имам талент“ многумина расплака.

Тој има тешка животна приказна - родителите го оставиле како бебе, а неговото детство го обележале домови за деца без родители.

Меѓутоа иако никој не очекуваше, по настапот во шоуто на Дејан му се јавил татко му!

-Татко ми ми се јави пред некоја вечер и беше радосен поради моето учество во емисијата, не ни знаел дека испеав за него. Кога му кажав се скаравме - истакнал Дејан.

Ова момче има 21 година и кажува дека немало многу луѓе кои се израдувале на неговиот настап.

-Јас речиси немам пријатели, имам еден, двајца, а по емитувањето на емисијата ми се јавија илјадници и јас ги прашав: “Каде бевте до сега?“. Немам никој, сам сум. Немам со кого да ја споделам тагата која ја чуствувам поради тоа што родителите ме отфрлија - искрено раскажал Дејан за Пинк.рс.