Спорт Фудбал

Одлични вести за навивачите на Ливерпул!

997

Фудбалерот на Ливерпул, Фелипе Кутињо би можел на теренот да се врати уште следниот натпревар против Саутемптон.

Кутињо се повреди пред  месец и половина, против Сандарленд и пропушти 9 натпревари.

Предвидувањата беа дека ќе отсуствува до средината на февруари, но тој порано ќе се врати на теренот.

Пред неколку денови излезе информација дека ќе биде подготвен против Јунајтед но сега излегоа и уште подобри информации.

Против Саутемптон се игра во среда, а сите очекуваат за викендот против Јунајтед, Кутињо да се најде во првите 11 играчи кои Клоп ќе ги одбере.