Забава Секс и Интима

Како да препознаете дали вашата партнерка глуми оргазам

3785

Според неодамнешните истражувања на сексуалните стручњаци, околу 30% од жените во светот немаат потешкотии со редовно доживување оргазам, додека, пак, преостанатите 70% го доживуваат многу поретко, отприлика на секој петти сексуален однос.

Во овие 70% спаѓаат и оние 15% на жени кои откриваат дека никогаш не доживеале оргазам или пак дека го доживеале само еднаш или двапати во животот.

Сепак, студиите покажуваат дека над 90% од жените, во некој момент, одглумиле оргазам и тоа најчесто да не го повредат партнерот. Тоа и не звучи така необично ако го споменеме фактот дека околу 20% од мажите веруваат дека се толку добри љубовници што нивните партнерки не мора да глумат.

Општите и јасни знаци на оргазам се грчење на мускулите – најчесто вагиналните мускули, што предизвикува чувство дека долу е „потесна”. Исто така, може да се појават и грчеви во нозете. Кога има посилен интензитет на стимулацијата во кој нејзиниот здив е пократок, а воздишките погласни, по постигнувањето на вистинскиот оргазам таа ќе застане, бидејќи ќе ѝ требаат неколку минути да закрепне.

Голем број на жени по оргазмот може да поцрвенат на дел од градите поради зголемени хормони и бидејќи таму кожата е тенка.

Тоа што глуми не значи дека не ужива

Дури и ако таа глуми оргазам, тоа не мора да значи дека не ужива во сексот. Имено, истражувањата покажуваат дека кај жените активноста за задоволство во центрите на мозокот е најголема за време на сексот, односно „на патот до оргазам”, додека непосредно пред самото доживување на врвното задоволство, активноста нагло опаѓа. Од друга страна пак, кај мажите активноста во тие делови од мозокот е најголема токму при самото доживување на оргазам.