Вести Свет

Србинка го шокираше регионот: За Божик испекла куче!

7479

Млада девојка за божикниот ручек спремила куче, тоа го објавила на Фејсбук, а нејзиниот пост го шокираше регионот.

- За денешната прослава: печено куче. Свинското не ми одговара, откако пробав куче, свинско повеќе не јадам, затоа што кучешкото е многу повкусно. Да живеат браќата Кинези, знаат тие што јадат, напишала, помеѓу останатото, Хипитија Теонова од Лесковац.

Нејзината објава наиде на лавина критики, но многу брзо луѓето што коментирале ја откриле правата вистина - Хипатија воопшто не јадела месо и всушност се бори за правата на животните. Таквиот развој на случувања многу луѓе ги разбеснело, а Хипатија објавила и како пораките и се полни со заканувања.

Пребарувајќи малку по нејзиниот Фејсбук профил многу лесно е да приметите дека се залага за правата на сите животни, а видливо е како нејзиниот став со текот на времето е се пожесток. Кулуминирало тоа со последната објава чија цел на предизвикување неверување во потолност и успеал, и покрај тоа што во голема мера и на своја штета.