Спорт Ракомет

Распоредот на Македонија на СП во Франција

3031

Од 11. јануари (среда) започнува Светското ракометно првенство кое се одржува во Франција, Македонија својот прв натпревар го игра ден подоцна.

Македонските ракометари денеска тргнуваат за Мец каде ќе се играат натпреварите од Б групата на Светското првенство.
 
Првиот меч кој може да биде и клучен за пласман во нокаут фазата, го играме на 12. јануари, четврток против селекцијата на Тунис, потоа следува аутсајдерот Ангола, па доаѓаат посилните предизвици, Словенија, Шпанија и Исланд.
 
Распоредот на натпревари на Македонија на СП во Франција:
 
12.01. 17:45 - Македонија - Тунис
14.01. 20:45 - Македонија - Ангола
16.01. 17:45 - Македонија - Словенија
18.01. 20:45 - Македонија - Шпанија
19.01. 17:45 - Македонија - Исланд
 
Четирите првопласирани селекции продолжуваат во нокаут фазата каде во осминафиналето ќе вкрстат со најдобрите четири од групата А во која се Франција, Полска, Русија, Норвешка, Бразил и Јапонија.