Здравје Исхрана Убавина

Во зима: Ем здрави, ем убави и сити! Бомбастична диета со ефект

1809

Со оваа диета ќе изгубите 7000 калории неделно. Диетата е измислена од нутриционистката др. Eveline Flachi и се темели на смалување на внесот на протеини, а притоа калориската вредност да не падне под 1200. Се слабее без напор, по 1 кг неделно. Диетата се темели на консумација на 4 лимони дневно. Наменета е за лица кои имаат проблеми со варењето или на оние кои имаат нечиста кожа. Витаминот Ц, кој е најмногу присутен во лимонот, е совршено средство против стареење.

Оваа диета е најдобро да ја практикувате за време на смената на годишните времиња, во траење од 7-15 дена. Менито си го правите самите. Наместо лимон, можете да користите и лимета. Најдобро е да консумирате маслиново масло. Грисините и двопекот е најдобро да бидат интегрални. Во поглед на овошјето, не треба да јадете банани или сушено овошје, бидејќи содржат премногу шеќери. Зеленчукот е најдобро да се консумира сиров, како салата. Секојдневно треба да се пие по 2 литра течност во вид на вода, чај, или лимонада, за да се прочи организмот и да се забрза метаболизмот.