Технологија Мобилни телефони

Ефиасни и брзи: 5 решенија за испразнета батерија

872

Денешниот современ живот не би можеле да го замислиме без мобилен телефон, таблет и мали преносливи лаптопи. Но, кога ќе се испразни батеријата тие ја губат својата функционалност и стануваат само моден додаток. Особено со развојот на разни апликации, траењето на батеријата е сведено на нецел ден. Ве нервира нели? Постои начин да го избегнете овој проблем, прочитајте како.

Носете си полнач

Носењето полнач е најдоброто решение за да не ви се исклучи батеријата. Она што технологијата денес може да го понуди во овој поглед се и соларните полначи со помош на кои ќе може да го полните телефонот и без струја.

Моќен инвертер

За полнење на компјутер или таблет земете си моќен инвертер кој може да го користите во својот автомобил.

Лаптоп како полнач

Доколку имате лаптоп покрај вас, може да го искористите за полнење на телефонот или таблетот.

Исклучете ги непотребните апликации

Апликациите ја трошат батеријата многу брзо. Кога не ви се потребни исклучете ги. Само така ќе ја заштедите батеријата.

Користете апликации за заштедување на батеријата

Преземете една од бесплатните апликации за iOS (Apple) и Android чија функционалност е контрола на користењето на батеријата и нејзина подолготрајност. Не се доведувајте во незгодни ситуации поради испразнета батерија кога имате повеќе опции како да го спречите тоа.