Култура Филм Забава Видеа

Објавен трејлерот за најочекуваниот филм во 2017 година (ВИДЕО)

221

Една од омилените бајки „Убавицата и ѕверот“, пристигнува во ново светло, како еден од најочекуваните филмови во 2017 година.

Главните улоги во оваа екранизација на бајката ги играат Ема Вотсон и Ден Стивенс, а сега е објавен и трејлерот, со цел да се даде мал вовед во она што не очекува.

Според тоа што можеше да се види во двете минути на трејлерот, не чека вистинско волшебство, а младата надеж на Холивуд, убавата Ема, навистина се покажува како совршена за оваа улога.

Да потсетиме, Ема веста за новата улога ја објави на Фејсбук уште во јануари оваа година.

„Конечно можам да ви кажам… Ќе ја играм Бел во новиот филм „Убавицата и ѕверот“. Таа приказна играше значајна улога во моето растење, па ми беше нестварно да замислам дека ќе танцувам на „Be Our Guest“ и ќе ја пејам „Something There“. Шестгодишното девојче во мене плаче од среќа. Време е за часови по пеење. Со нетрпение чекам да го видам филмот“, објави тогаш Вотсон.