Здравје Исхрана Фитнес

Додатоци во исхраната за подобар имунитет

1372

Комбинацијата на здрава храна, редовен тренинг и добар сон се клучен фактор за да се избегнат непријатните вируси во зимските денови. Сепак ако некој додатно сака да си го одржи здравјето може да се искористат само неколку додатоци во исхраната кои уште повеќе ќе го зацврстат имунитетот.

Комбинацијата на здрава храна, редовен тренинг и добар сон се клучен фактор за да се избегнат непријатните вируси во зимските денови. Сепак ако некој додатно сака да си го одржи здравјето може да се искористат само неколку додатоци во исхраната кои уште повеќе ќе го зацврстат имунитетот.

Пробиотиците се уште еден додаток во исхраната кои покрај тоа што се одлични за појадок помагаат и за здравјето на стомакот. Воедно, околу 70% ќелиите кои се грижат за имунитетот се наоѓаат во стомакот. Пробиотиците ги појачуваат тие ќелии и организмот полесно се бори против инфекции. Најпознатиот пробиотик, ацидофил, природно се наоѓа во јогуртот, но може да се најде и како апчиња или капсули.

Зелената алга која често се наоѓа во повеќето здрави пијалоци е спирулината. Таа има многу бенефиции меѓу кои и зацврстувањето на имунитетот. Таа станува многу популарна помеѓу лицата кои редовно тренираат. Студија направена во 2008 година покажала дека со 2 грама спирулина на ден некои луѓе ги надминале некои типови на алергии. Овој додаток во исхраната може да се најде во вид на прашина, апче или течност и сите се подеднакво ефикасно. Секој треба да цели да консумира до 8 грама дневно.

Ѓумбирот е исто така магична состојка која помага во зацврстување на имунитетот. Состојката тиноспора кордифолиа помага во регулацијата на шеќерот во крвта. Таа помага на ќелијата макрофаг полесно да се бори против некои бактерии. Најдобро е да се консумира е да се помеша со вода и да се пијат 10 до 15 грама дневно.

Останатите додатоци се добро познатите лук, витамин Ц и цинк. Со додавањето на овие состојки секој може многу да го појача имунитетот и полесно да ги преброди деновите во кои цареат вирусите и болестите. Сепак, клучни елементи се и редовниот тренинг и намалувањето на стресот.

За сите кои сакаат да тренираат и целат кон зацврстување на имунитетот може тоа да го прават во Synergy Fitness & Spa центарот кој има модерен систем за филтрација на воздухот во просториите. Овој систем ја одржува температурата на идеално ниво за тренирање и ги прочистува бактериите и вирусите кои можат да се најдат во затворена средина. За сите кои сакаат повеќе да се запознаат со овој исклучителен центар може да ја посетат официјалната Фејсбук страна:

https://www.facebook.com/SynergyFitnessandSpa/?ref=aymt_homepage_panel

како и официјалната веб страна: http://www.synergyfitness.com.mk/