Галерија Фото Вести Свет

Ги спасиле кучињата скитници од сигурна смрт: Гест кој го воодушеви светот! (ГАЛЕРИЈА)

1425

Поради големите студови во најголемиот град во Турција, трговскиот центар "Атријум" во Истанбул ги отворил вратите за кучињата скитници во тој град.

Покрај убавиот гест, вработените се обиделе дополнително да ги стоплат несреќните кучиња, па сите ги покриле со топли ќебиња.

Поради неверојатно ниските температури и снегот кој практично го блокирал Истанбул, откажани биле повеќе од 650 летови, додека за сообраќај се затворени и Босфор и Дарданели.

Луѓето ширум Европа умираат поради замрзнување и катастрофални временски прилики, а само во Полска во последните три дена загинале најмалку 10 лица.