Забава Шоу Бизнис

Тага без крај! Приказната на Дејан го расплака Балканот, а неговиот татко: Синот ме посрамоти, го избркав од дома!

9142

Откако тешката животна приказна на Дејан Кетиќ ги расплака сите во шоуто “Јас имам талент“, се огласи и неговиот татко Илија кој тврди дека за се е виновна мајката на Дејан, исто така дека тој го исфрлил својот син од кужата затоа што се напил.

- Не го оставив во дом, него неговата мајка. Кога избега од мене во Панчево, јас отидов да ја вратам назад заедно со бебето. Меѓутоа, додека стоев на станицата и купував автобуска карта, мајка му го однесе Дејан во полиција. Заедно со полицијата отиде во домот и им го предадоа Дејан - раскажал Илија за српски “Ало“.

-Остана во домот неколку години, потоа ја најдов и отидовме заедно да го извадивме. Тогаш се согласи заедно да го чуваме. Таа никако не сакаше дете, еднаш же го отруеше со расипано млеко и Дејан заврши на Институтот за мајки и деца. Повторно од болница го однесе во дом. Ми рече дека не може да го издржува и побегна во Италија. Дејан не сакаа да ми го дадат од домот затоа што не можеа да утврдат дека сум негов татко - кажува Илија и тврди дека повторно отишол кај Дејан за неговиот 16 роденден.

“Му кажав дека сум негов татко, но не сакаше да живее со мене“, кажал Илија.

-Живеам во кужа со сопруга и 3 деца, Дејан еднаш дојде дома пијан, со шише во рака. Тогаш му реков “или ќе престанеш да пиеш или ќе заминеш од куќава“. Тогаш замина и никогаш не се врати. Тогаш избега. Беше лето и можеше да спие каде сака. Моментално не сум економски моќен да му давам пари, моќам да му дадам соба за спиење и храна - објаснил Илија.

-Му кажав дека е храбар што се појавил на натпреварувањето, секоја чест. Ме посрамоти само што ја пееше таа автобиографска песна, а што не пееше некоја љубовна. Не требаше да ми ја посвети мене, јас се борев за него - заклучил Илија.