Видеа Забава Шоу Бизнис Култура Музика Галерија Фото

Со големите таленти од Нота бенд до вистинска забава, среќа и насмеани лица! (ВИДЕО)

4230

Група млади музичари и неоспорни таленти се доказ дека во музиката не е важен квантитетот како што е квалитетот.  Неодамна  се појавија и покажаа како треба да помине една веселба.

Овие млади момци, членови на музичката група Нота бенд од Кичево многу брзо се пробиваат низ музичките води и успешно им прикажуваат  на граѓаните од Кичево и останатите градови низ Република Македонија како треба да изгледа нивната прослава, исполнета со забава, љубов, харизма,  пред се среќни и насмеани лица што укажува на задоволство и желба за повторно дружење.

Групата брои 5 членови, од кои секој плени со својот талент и го прави тоа што најдобро го знае, гласовниот вокал го води Христијан Тришоски, клавијатурата најдобро ја владеат Калески Илија и Кузманоски Бојан, ударните инструменти ги води Богданоски Дејан и најмладиот член од оваа група Божиноски Даниел најдобро го прикажува својот талент со свирење на дувачки интрументи.  

Со својот богат репертоар, талент и владеење со разни музички жанрови, овие момци чекорат по вистинскиот пат и несомнено секој од нас ќе биде сведок за нивната успешна кариера во иднина.