Lifestyle Култура

Мудри цитати од Ернест Хемингвеј: Среќата кај интелигентните луѓе е најретката работа која ја знам

1285

Американскиот нобеловец и добитник на Пулицеровата награда, Ернест Хемингвеј, е човек кој бил преполн со животно искуство. Иако важел за личност која била алчна на зборови, сѐ што ќе кажел погодувало право во целта. Славниот писател и новинар бил еден од највлијателните литерати на своето време, а таа титула ја носи и до ден денес. Неговите современици го доживувале како човек кој не сака многу да зборува, но затоа неговите дела содржат целосна есенција и уметност во себе. Вака говорел Хемингвеј за животот.Сакам да слушам. Многу работи научив затоа што внимателно слушав. Многу луѓе никогаш не слушаат.

На човекот му требаат околу 2 години за да научи да зборува и околу 50 години за да научи да молчи.

Среќата кај интелигентните луѓе е најретката работа која ја знам.

Грдите жени остаруваат побрзо од убавите – тие преминуваат од сенка во мрак.

Колку се подобри писателите, толку помалку зборуваат за она што го напишале.

Човекот не е создаден за да биде победен. Човекот може да го уништат, но не може да го поразат.

Секогаш можеш да пишуваш, ако те остават луѓето на само, и ако не ти пречат. Но, сепак, најубаво се пишува кога си заљубен.

За многу мажи војната е најголемиот момент во нивниот живот. Тоа ја заменува нивната креативност.

Идеалист е човек кој знае дека ружата мириса поубаво од морковот, па според тоа заклучува дека и чорбата од ружи може да биде повкусна отколку чорбата од морков.

Има луѓе кои слушаат ехо, па помислуваат дека сами произведуваат оригинален звук. Има луѓе кои зборуваат, зборуваат и зборуваат сè додека не успеат да кажат нешто.

Луѓето кои немаат со што да се фалат, се фалат со својата несреќа.

Сите наши зборови од постојаната употреба, ја губат острината.

Кога луѓето се согласуваат со мене, секогаш имам чувство дека некаде сум погрешил.

Мажот мора да биде заљубен во жената за да создаде основа за пријателство.

Младоста ја имаме за да правиме глупости, а староста да жалиме за глупостите.

За моралот знам само толку, дека е морално она после кое се чувствувате добро, а неморално она после кое се чувствувате лошо.

Сите добри книги имаат едно заедничко нешто – повистинити се напишани, отколку кога напишаното навистина би се случило.

Може да нè навредуваат, но не можат да нè покорат.

Среќата кај интелигентните луѓе е најретко нешто.

Оди по својот пат и биди подготвен за вистинскиот момент.

Чувај ја бистрината во главата и поднеси го патењето на достоен начин.

Мора да се навикнеме дека на најважните крстопати, не наоѓаме секогаш знаци.