Технологија Мобилни телефони

Полнач за телефон кој ја користи енергијата на вашето тело

766

Благодареќи на изумот на младиот Естонец своите мобилни телефони сега можеме да ги полниме со помош на движење на раката. Полначот “HandEnergy” го измислил Михаел Вага (19). Полначот работи кога со движење на раката се активира жироскоп во уредот во кој потоа се произведува електрична енергија со која може да се наполни батеријата.

– Со секоја ротација на раката се зголемува брзината на роторот и се произведува повеќе електрична енергија. Просечната брзина е 5000 о/min. Таа межаничка енергија се претвора во електрична – вели Вага и додаде дека ова е добар извор на енергија во итни случаи.