10 експерти кој ќе предвидат терористички напад во МАКЕДОНИЈА!

Обично терористички напади се случуваат во држави каде што луѓето немаат поим што ги чека, како во Париз така и во Брисел населението ни властите не ни очекуваа да доживеат масакар. Но во Македонија секако тоа не е возможно поради овие десет причини.

1. Терористички напад нема да има во Македонија поради тоа што експертот МИЛЕНКО ќе го предвиди во неговото Лејт најт ток-шоу.

2. Терористите нема да извршат напад во Македонија поради тоа што  вториот експерт ЈАНКО јади бурек на скајп со Бобан Нонковиќ директно од Брисел ќе предвидат напад!

3. Во Македонија нема да има терористички напат поради тоа што и вие и ВАСКО ЕФТОВ има право да ја знае вистината па во емисија ќе го предвиди нападот заедно со тајниот агент ЈУГОСЛАВ ПЕТРУШИЌ.

4. Се додека САБИНА има емисија на Крт ќе има кодоши кои ќе пратат пораче Абдулаќим Моамер роден на 20.11.1982- Багдат кажи ми дали ќе се разнесам во Македонија? „Јаоо па ти си стрелец имаш срече у кучи, неке документе и нечеш ускоро доч у Македонију“.

5. Се додека МИРКА има свои колумни по весници терористиве нема шанси да се одлучат за напад во Македонија, она и на ѓаволот дупката ја знае!

6. ДРАКЧЕ-толкувачот на сонови нема шанси да не сонува ден пред нападот како и паѓа заб (смррт на близок) па да ги предупреди Македонците дека можен е напад и секако ќе се спречи на време.

7. Недај боже терористите да сакаат во близина на Куманово да извршат напад, ИВАН ИСЦЕЛИТЕЛ- е заштитеник на сите светци во Македонија, со еден поглет и неговата био енергија ќе ги магепса (како кокаколата) и ќе ги спречи у нападот.

8. Балканската пророчица КЛЕОПАТРА преку тајни канали и швалерски вези со терористите ќе ја предупреди Македонија за можен напад и спречување на истите.

9. Не им се исплати ИСИС да ја нападнат Македоника, празна ни е државава КАРАКАМИШЕВА ги избрка сите депресивни млади кој не се заљубиле во Македонија.

10. На Македонија не и треба BBC и CNN, ние ја имаме ИНА-МНОГУФИНА која 2 минути пред да се разнесе бомбашот ќе стаи статус на фб „штиклите у рака нинче под рака и да бегаме од Македонија“.

*БОНУС*: ЗА А1 ОД БЕЛГРАД СИЉКА ПИШТОЛОВА! 

 

Беспрекорна кожа: Маска за лице од пиво која мора да ја пробате! (Рецепт)

Дали ви се верува дека ако во маската за лице учествува и пиво, тоа ќе даде неверојатно добри резултати за убавиот изглед на вашата кожа?

Потребни намирници:

Две лажици пиво,

Една лажица овесни јатки,

Една жолча од јајце,

Неколку капки масло од гроздови семки.

Начин на приготвување и употреба:

Исипете го пивото во овесните јатки и оставете половина час да набабрат. Во друг сад добро измешајте ги жолчката и маслото и додадете ги во овесните јатки.

Нанесете ја готовата маска на лицето, вратот и деколтето. Оставете да делува 30 минути и на крај измијте го лицето со млака вода.

Се препорачува маската да се прави 2-3 пати седмично во текот на еден месец.

19 годишната Сања од Скопје го воодушеви жирито на шоуто „Ѕвездите на Гранд!“ (ВИДЕО)

Кон средината на септември започна и новата сезона на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ со нови правила, со нов член на жирито.

Во последната емисија на „Ѕвездите на Гранд“, настапуваше и 19 годишната Сања Тодоровиќ од Скопје.  По нејзината изведба, доби два гласa од Ана Бекута и Џорџе Давид. Но кога Снежана Ѓуришиќ ја претстави Сања и откри дека е од Макеоднија, жирито беше видно изненадено.

„Ти имаш огромен потенцијал“, истакна Јелена Карлеуша која беше воодушевена што Сања е Македонка, а толку добро отпеа на српски јазик.

Настапот на Сања погледнете го во видеото подолу на 57:07

Нова принова: Се породи сестрата на Кејт - Пипа Мидлтон!

Пипа Мидлтон и нејзиниот сопруг Џејм Метјуз станаа родители на момче, чие име се уште не е објавено.

Пипа се породи во истата болница каде што нејзината сестра Кејт ги роди трите деца. Момчето е тешко 3.628 грама, а извор близок тврди дека се чувстуваат добро. Портпаролот на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, изјави дека двајцата се возбудени поради Пипа и нејзиниот сопруг.

Пипа Мидлтон се омажи за менаџерот на хеџ фонд Џејмс Метјуз во 2017 година. Ова е уште една убава вест од Велика Британија, откако пред два дена стана јасно дека принцот Хари и неговата сопруга Меган исто така ќе станат родители следната година на пролет.

Најчитани

Твитови