Овие 5 пудри ќе ѝ донесат катастрофални последици на вашата кожа!

Во зимските месеци ретко која жена може да се замисли без течна или пудра во прав. Меѓутоа, ако не ја изберете она вистинската, наместо да ги сокриете несовршеностите, пудрата може да ви предизвика катастрофални проблеми.

Во продавниците денес може да најдете безброј видови на пудри, но која е вистинската за вас? Тоа пред сè зависи од типот на вашата кожа, но затоа пак може со сигурност да ви кажеме кои би требало да ги избегнувате, бидејќи со сигурност не се добри за вас.

Пудра којашто е премногу темна
Девојките често избираат пудри коишто се и до три нијанси потемни од нивниот тен. Но тоа е голема грешка бидејќи поради тоа лицето изгледа неуредно, а целиот впечаток е евтин. Изберете пудра во нијансата на својот тен, а боја на лицето дадете му со помош на бронзер.

Евтина пудра
Секако, не кажуваме дека мора да потрошите буквално цело богатство за течна пудра, но оние коишто се крајно евтини често имаат и лоша текстура што е навистина и забележително. Подобро би било да заштедите на лаковите за нокти, сенките и руменилата, отколку да штедите за пудра.


Пудра за погрешен тип на кожа
Имате мешовит тип на кожа, а носите пудра со светликави честички? Или имате сува кожа, а носите пудра за матирање? Со носењето на погрешна пудра само ја измачувате својата кожа и изгледате неуредно, па, ако не знаете самите кој е вашиот тип на кожа, побарајте стручен совет.

Позајмена пудра од вашата пријателка
Таа ја обожува, но притоа има и неколкупати потемен тен од вашиот и има сосема поинаков тип на кожа? Избегнувајте пудри коишто ви ги препорачале пријателките и користете ги исклучиво само оние коишто му одговараат на вашето лице и тен.

Исклучително густа пудра
Исклучително густата пудра особено лошо изгледа на младо лице, дури и ако кожата е зафатена со бубулички. Дозволете ѝ на кожата да дише и изберете полесен тип на пудра.

Жените во овие хороскопски знаци поместуваат планини поради љубов!

Некои жени во љубовта се водат според реченицата: "Подобро е да сакаш и да изгубиш, отколку никогаш да не сакаш", додека другите многу брзо забележуваат дека другата страна не се труди доволно и сами се откажуваат.

Овен 

Жените во овој хороскопски знак влегуваат во толку страствена врска што забораваат дека секоја врска има свои ризици и дека нема секогаш да биде како што треба. Тие едноставно им се препуштаат на пеперутките во стомакот.

Жените родени во овој знак премногу се трудат околу љубовните врски, а тоа понекогаш може да заврши еднострано, таа да се труди, а тој не.

Близнаци

Жените во овој хороскопски знак го обожуваат чувството на влегување во нова врска. Тоа ги возбудува, сакаат да почувствуваат нервоза и чувство на привлечност во исто време. Покрај страв, искрено говорат за своите чувства.

Вага

Вагите им се многу верни на своите партнери и избегнуваат расправии по секоја цена. Тие знаат дека толку многу ги сакаат партнерите што сѐ би направиле и дале за нив. На тој начин всушност го изразуваат своето воодушевување.

Стрелец

Овие жени често се сурови во своите врски, но се заљубуваат до уши и сакаат со цело свое срце. Во почетокот на врската доживуваат големи налети на страст. Тие се свесни дека можеби ќе бидат повредени и дека врската нема да трае долго, но сеедно страствено влегуваат во неа.

Риби

Тие се многу искрени и емотивни. Кога некој сакаат, нема да играат игри и нема да калкулираат дали ќе бидат повредени или не. Жените родени во овој знак имаат целосна доверба во партнерот и комплетно им се отвараат. Тоа е причната зошто често се повредени.

Лудост или храброст: Русин си го зема автомобилот од пајак служба! (ВИДЕО)

Руски ТВ канал пренесе видео од несекојдневната акција на еден Русин, кој по секоја цена сакал да си го врати автомобилот кој му го дигнал пајак службата.

Русинот сметал дека неговиот автомобил му бил незаконски одземен и не ја чекал сообраќајната полиција. Човекот веданаш превземал мерки за да си го врати возилото.

Седнал зад воланот ѝ покрај тоа што возилото веќе било кренато и поставено на камионот. Тој ги тргнал синџирите од гумите ѝ почнал да вози во рикверц.

Австрискиот претседател секој ден на работа патува со метро!

За разлика од повеќето свои колеги во светот, австрискиот претседател Александер ван дер Белен го користи градскиот превоз за да стигне на работа. Тој на својот Инстаграм профил објавил фотографија од утринското возење во метро.

 

Фотографијата за кратко време се рашири на социјалните мрежи. Луѓето ширум светот го пофалија Белен за ваквата своја постапка.

Најчитани

Твитови