Стравот – наша кочница или мотиватор?

Иако не сакаме да ги почувствуваме негативните ефекти на стравот, тој може да биде и мошне полезна емоција, која нè предупредува за опасност, тврдат експертите.

Кога не би се плашеле, не би опстанале долго време. Би оделе во пресрет на автомобили што се движат, би чекореле по лизгави покриви и би си играле со отровни змии. Сепак големите стравови можат и да нè спречуваат да бидеме среќни и исполнети. Прашањето што треба да си го поставиме гласи: дали сме во состојба да го контролираме стравот кога ќе ни се појави, или стравовите се двигатели што управуваат со нашиот живот така што влијаат на нашите одлуки? Кога е неконтролиран, стравот може да стане напорен и исцрпувачки дел од вашиот живот а тоа и да не го забележите. А потоа доаѓа мигот еден ден да се разбудите и и да не можете да се присетите кога сте биле опуштени и смирени. Најголем проблем што можете да си го создадете, ако дозволите вашите стравови да управуваат со вас, е колку повеќе се трудите да ги избегнете работите од кои се плашите, толку нивниот број се зголемува. Најштетната последица од овој вид стравови е да ја развиете потребата постојано да ги прикривате и да не признавате дека ги имате. А така несвесно ги правите уште поголеми.

Незаборавна забава: Кафана Тарапана го прослави својот прв роденден!

Галерија: 

Кафана Тарапана го прослави својот прв роденден! 

Една година исполнета со незаборавни моменти и уживање! Уникатно место за одлична забава, превкусна храна и загарантирано одлична атмосфера. После 1 година работа со над 100 забави, повеќе од 50 семејни прослави, дефинитивно станаа омилено место во градот на секоја генерација. Тарапана не е само обична кафана ова е кафана со душа во која се ужива во комбинација со вкусна храна и разновидна музичка програма.

Вчеравечер по повод една година постоење направија незаборавна роденденска забава. Како секогаш, и овој пат се потрудија на своите гости да им приредат повеќе од одлична забава. За атмосферата да биде вистинска "тарапана" се погрижија безвременскиот Дарко Филиповиќ и Dj Boban Nikolic.

Во продолжение погледнете дел од атмосферата:

Галерија: 

Нова жешка акција во реалното шоу „Задруга 2“: Бане и Зерина заборавија на камерите и се препуштија на страстите! (ВИДЕО)

„Задруга 2“ се повеќе личи на еротско реално шоу. Поради фактот што 24 часа учесниците се под видео надзор, што е и нормално, тие упорно бараат место каде ќе се сокријат и разменат пар нежности. Засега единствено место каде нема камери е туш кабината па ова е омилено место на паровите! Последни кои беа уловени на ова место беа Бане и Зерина...

Позната руска актерка физички нападна жена од публика, откако таа го спомна нејзинот син кој има Дунов синдром! (ВИДЕО)

Познатата руска актерка Евелина Бледанс физички нападна жена од публиката, откако на несоодветен начин го спомна нејзинот син кој има Дунов синдром.

Четириесетидеветгодишната актерка која го очекува своето трето дете, гостуваше во емисијата „Во живо“ и зборуваше за бременоста во постари години, а една жена во публиката и рече дека го загрозува зравјето на нејзиното неродено дете, бидејќи во тие години е опасно да се раѓа.

„Што ти е? Сакаш да родиш уште едно болно дете? Сакаш да имаш уште едно дете со Даунов синдром? На никој не му се потребни такви деца, ни тебе, ни на општеството“, рече Елена Лебедева, жената од публиката.

Актерката по оваа изјава, мирно стана, тргна кон неа и и удри шамар пред камерите.

„Ќе те искршам. Тоа е мое дете. За мене можеш да зборуваш што сакаш, но остави ги на мира моите деца“, рече актерката.

Најчитани

Твитови