Студија вели дека Facebook поттикнува симптоми слични на зависност од наркотици (видео)

За некои од нас шокирачка вест, за некои не толку. Имено, студија објавена во 2014 г. која дури сега станува популарна, укажува на сличноста меѓу симптомите предизвикани од користењето на Facebook и користењето на наркотици како кокаин или коцкањето.

Студијата е означена како „контроверзна“ од некои магазини кои ја пренесоа, веројатно бидејќи ги доближува корисниците-зависници од Facebook до зависниците од дроги и коцкарите. Сепак, постојат некои битни разлики меѓу двете групи.

Студијата

Студијата анализирала 20 студенти од колеџ од САД кои биле скенирани во реално време со Функционална магнетна резонанца (ФМР; fMRI) додека им биле покажувани сообраќајни знаци и знаци и симболи од Facebook. ФМР била употребена за да се измери брзината на реакција на испитаниците, при што било пронајдено дека тие побргу реагираат на симболи од Facebook отколку на сообраќајни знаци, што ќе се согласите дека е потенцијално опасно. Реакцијата ја имале во деловите на мозокот одговорни за импулсивно однесување т.е. системот амигдаластриата, слично како и кај зависниците од кокаин и коцка.

Претходно студентите пополнувале прашалник со кој требало самите да ја пријават својата зависност од Facebook и други социјални мрежи. Тоа што се открило е поклопување на симптомите со резултатите од ФМР. Имено, оние студенти кои пријавиле најголема зависност од Facebook имале најсилна реакција во мозочниот систем за импулсивно однесување.

Резултатите

Сепак, постоела разлика во мозочната активност меѓу наркозависници и Facebook зависници и тоа во системите за инхибиција на импулси (најпредната кора) бидејќи за разлика од корисниците на наркотици, кај „фејсбукчиите“ овој дел од мозочната кора функционирал нормално.

Секако, постојат силни методолошки ограничувања кои оневозможуваат оваа студија да биде целосно релевантна. Таа е изведена на само 20 луѓе што секако не е репрезентативен примерок. Второ, таа наоѓа поврзаност (корелација), но не и предизвикување (каузација) на симптомите меѓу користењето на Facebook и активација на регионите за зависност. Сепак, не дека кажува нешто што не сме го заприметиле и самите нели.

За жал, повеќето корисници нема да бидат загрижени околу оваа вест и ќе си создадат рационализации зошто не можат да се откачат од Facebook, слично како и со зависниците од други „средства“ како опијати, наркотици и разни супстанци (никотин, кофеин).

Сите останати кои се загрижени за користењето на „социјалните“ мрежи треба да имаат предвид дека тие предизвикуваат непотребно оптоварување и трошење на мисловните циклуси во текот на денот; го тренираат мозокот да реагира само на силни, моментални дразби и со тоа ги прави неспособни да уживаат во подлабоки, подолготрајни и потемелни дразби (споредба: модерна поп-музика со концерт на Моцарт); и едноставно го трошат времето кое можело да се искористи да се направи нешто паметно и да се работи кон успехот во животот.

Изборот е, секако, нивен.

Жените во овие хороскопски знаци поместуваат планини поради љубов!

Некои жени во љубовта се водат според реченицата: "Подобро е да сакаш и да изгубиш, отколку никогаш да не сакаш", додека другите многу брзо забележуваат дека другата страна не се труди доволно и сами се откажуваат.

Овен 

Жените во овој хороскопски знак влегуваат во толку страствена врска што забораваат дека секоја врска има свои ризици и дека нема секогаш да биде како што треба. Тие едноставно им се препуштаат на пеперутките во стомакот.

Жените родени во овој знак премногу се трудат околу љубовните врски, а тоа понекогаш може да заврши еднострано, таа да се труди, а тој не.

Близнаци

Жените во овој хороскопски знак го обожуваат чувството на влегување во нова врска. Тоа ги возбудува, сакаат да почувствуваат нервоза и чувство на привлечност во исто време. Покрај страв, искрено говорат за своите чувства.

Вага

Вагите им се многу верни на своите партнери и избегнуваат расправии по секоја цена. Тие знаат дека толку многу ги сакаат партнерите што сѐ би направиле и дале за нив. На тој начин всушност го изразуваат своето воодушевување.

Стрелец

Овие жени често се сурови во своите врски, но се заљубуваат до уши и сакаат со цело свое срце. Во почетокот на врската доживуваат големи налети на страст. Тие се свесни дека можеби ќе бидат повредени и дека врската нема да трае долго, но сеедно страствено влегуваат во неа.

Риби

Тие се многу искрени и емотивни. Кога некој сакаат, нема да играат игри и нема да калкулираат дали ќе бидат повредени или не. Жените родени во овој знак имаат целосна доверба во партнерот и комплетно им се отвараат. Тоа е причната зошто често се повредени.

Лудост или храброст: Русин си го зема автомобилот од пајак служба! (ВИДЕО)

Руски ТВ канал пренесе видео од несекојдневната акција на еден Русин, кој по секоја цена сакал да си го врати автомобилот кој му го дигнал пајак службата.

Русинот сметал дека неговиот автомобил му бил незаконски одземен и не ја чекал сообраќајната полиција. Човекот веданаш превземал мерки за да си го врати возилото.

Седнал зад воланот ѝ покрај тоа што возилото веќе било кренато и поставено на камионот. Тој ги тргнал синџирите од гумите ѝ почнал да вози во рикверц.

Австрискиот претседател секој ден на работа патува со метро!

За разлика од повеќето свои колеги во светот, австрискиот претседател Александер ван дер Белен го користи градскиот превоз за да стигне на работа. Тој на својот Инстаграм профил објавил фотографија од утринското возење во метро.

 

Фотографијата за кратко време се рашири на социјалните мрежи. Луѓето ширум светот го пофалија Белен за ваквата своја постапка.

Најчитани

Твитови