Кралица на тортите: Бела торта

Состојки:

За тестото:

  • 10 белки
  • 500 гр шеќер во прав
  • 2 лажици оцет
  • 4 лажици гриз

За фил I:

  • 10 жолчки
  • 10 лажици шеќер
  • 5 лажици брашно
  • 7 дл млеко
  • 125 гр путер
  • 125 гр маргарин
  • 100 гр печени мелени лешници

Останати состојки:

  • 5 дл слатка павлака

Приготвување:
Кора:
1. Белките се матат во цврст снег, а потоа постепено се додава шеќер со постојано матење.
2. Пред крај се додава оцет. Се мати уште малку па се додава гриз и полека се меша.
3. Плехот се обложува со хартија за печење и во него се става приготвената смеса за тестото. Се пече во загреана рерна на 150 ºЦ 90 мин. Печеното тесто вертикално се пресекува наполу за да се добијат две теста.

Фил:
1. Во подлабок сад пенесто се матат 5 жолчки со 5 лажици шеќер.
2. Посебно се матат преостанатите 5 жолчки со 5 лажици шеќер и 2 дл млеко. Остатокот од млекото се става да проврие. Потоа во него се додава приготвената смеса од жолчки и брашно и се вари на умерена температура со постојано мешање додека не се згусне.
3. Изладениот фил се меша со изматената смеса од жолчки и шеќер. Се додаваат маргаринот и путерот и се мати со миксер. На крајот се додаваат мелените лешници и се меша.

Завршна постапка:
1. Слатката павлака се мати во цврст шлаг.
2. Првото тесто се премачкува со 1/2 од филот, а потоа се распоредува 1/3 од шлагот. Се преклопува со второто тесто и се распоредува преостанатиот фил. Потоа целата торта се премачкува со преостанатиот шлаг и се украсува по желба.

Жените во овие хороскопски знаци поместуваат планини поради љубов!

Некои жени во љубовта се водат според реченицата: "Подобро е да сакаш и да изгубиш, отколку никогаш да не сакаш", додека другите многу брзо забележуваат дека другата страна не се труди доволно и сами се откажуваат.

Овен 

Жените во овој хороскопски знак влегуваат во толку страствена врска што забораваат дека секоја врска има свои ризици и дека нема секогаш да биде како што треба. Тие едноставно им се препуштаат на пеперутките во стомакот.

Жените родени во овој знак премногу се трудат околу љубовните врски, а тоа понекогаш може да заврши еднострано, таа да се труди, а тој не.

Близнаци

Жените во овој хороскопски знак го обожуваат чувството на влегување во нова врска. Тоа ги возбудува, сакаат да почувствуваат нервоза и чувство на привлечност во исто време. Покрај страв, искрено говорат за своите чувства.

Вага

Вагите им се многу верни на своите партнери и избегнуваат расправии по секоја цена. Тие знаат дека толку многу ги сакаат партнерите што сѐ би направиле и дале за нив. На тој начин всушност го изразуваат своето воодушевување.

Стрелец

Овие жени често се сурови во своите врски, но се заљубуваат до уши и сакаат со цело свое срце. Во почетокот на врската доживуваат големи налети на страст. Тие се свесни дека можеби ќе бидат повредени и дека врската нема да трае долго, но сеедно страствено влегуваат во неа.

Риби

Тие се многу искрени и емотивни. Кога некој сакаат, нема да играат игри и нема да калкулираат дали ќе бидат повредени или не. Жените родени во овој знак имаат целосна доверба во партнерот и комплетно им се отвараат. Тоа е причната зошто често се повредени.

Лудост или храброст: Русин си го зема автомобилот од пајак служба! (ВИДЕО)

Руски ТВ канал пренесе видео од несекојдневната акција на еден Русин, кој по секоја цена сакал да си го врати автомобилот кој му го дигнал пајак службата.

Русинот сметал дека неговиот автомобил му бил незаконски одземен и не ја чекал сообраќајната полиција. Човекот веданаш превземал мерки за да си го врати возилото.

Седнал зад воланот ѝ покрај тоа што возилото веќе било кренато и поставено на камионот. Тој ги тргнал синџирите од гумите ѝ почнал да вози во рикверц.

Австрискиот претседател секој ден на работа патува со метро!

За разлика од повеќето свои колеги во светот, австрискиот претседател Александер ван дер Белен го користи градскиот превоз за да стигне на работа. Тој на својот Инстаграм профил објавил фотографија од утринското возење во метро.

 

Фотографијата за кратко време се рашири на социјалните мрежи. Луѓето ширум светот го пофалија Белен за ваквата своја постапка.

Најчитани

Твитови