Пaркинсонова болест

Епидемиологија

Паркинсоновата болест, заедно со Паркинсоновите синдроми афектираат  околу 1% од светската популација со возраст над 60 години. Паркинсонова болест  постои во сите земји и кај сите етнички групи на планетата, со една многу варијабилна преваленција, која се движи од 18 до 234 случаи на 100 000  жители.

Фактори на ризик и етиолошки хипотези

Реалната етиологија на Паркинсонова болест, за жал е сеуште непозната. Постојат бројни хипотези, кои само ќе ги спомениме, без да ги елаборираме нивните  патофизиолошки механизми.

Првиот етиолошки фактор кој се нотира во целокупната светска библиографија е факторот средина во кој опстојуваме, со својата  микроклима, загаденост, начин на  исхрана и начин на живеење. Се  набројуваат  бројни  неуротоксични  супстанци,  например  органофосфорни инсектициди, хербициди, пестициди, понатаму хероинот злоупотребуван кај   наркоманите. Сосема сличен со пестицидите  е  и механизмот  на подолга експозиција на една индивидуа со органски солвенси и тешки метали (жива,  олово, кадмиум, манган и други), сите тие секојдневно внесувани преку водата за  пиење и  хранителните продукти. Има иследувања кој укажуваат на фактот за корелација помеѓу прекумерното пушење и Паркинсонова болест, особено кај возрасната популација, со ризик  кој се  движи  од 0,7 до 1%. Исто така, секојдневната консумацијата на кафе, најмалку  од  три  чаши на  ден, за некои  автори е релативен  ризик од околу 0,7 %,  објаснувајки го овој ризик со покачување на нивото на естрогените и тестостеронот, појава сосема слична и кај пушачите.

Етиопатогенеза

Основното пореметување кај Паркинсонова болест се лезии кои  предизвикуваат неуродегенеративни афекции, а кој имаат неурохемиски основи и механизми, кои за жал и денеска не се сосема познати. Сепак, постои еден крајно разработен патолошки и патофизиолошки модел, према кој Паркинсонова болест е  консеквенца на една селективна деструкција на допаминергичниот нигростријатален систем кој го претставува срцето на лезијата. Депигментациите опишани уште од  Паркинсон, одговараат на дефицит на допамин во структурата наречена стриатум, креаторот на карактеристичната симптоматологија. На овој начин беше покажана детерминантната улога на допаминергичниот дефицит кај Паркинсонова болест, со  што се “отвори“ прашањето за третманот на оваа болест со Л-допа. Неуропатолошките   студии несомнено укажаа на фактот дека повеќето од допаминергичните системи, церебрални и екстрацеребрални се вклучени во овој процес на болеста, со различен  степен од една до друга група на неврони.

Покрај лезиите во споменатите допаминергични системи, опишани се лезии и  во други системи кои учествуват во симптоматологијата кај Паркинсонова болест, иако  нивната улога не е сосема и најдобро објаснета. Тоа се норадренергичните, серотонинергичните, холинергичните системи и кортикалните лезии.

Молекуларните  мехнизми како причина за неуродегенеративните процеси

Прецизните молекуларни механизми кои се имплицирани во неуродегенеративните процеси, за жал сеуште не се комплетно и дефинитивно познати. Две главни хипотези се во “игра“ и тие се во директна “опозиција“.

Првата хипотеза, која се базира на генетска подлога, во организмот постои патолошка (ненормална, нефизиолошка) агрегација на протеини, и тоа претежно на синуклеин-и, протеин кој игра клучна улога во невроналната дегенерација.

Втората хипотеза е улогата на оксидативниот стрес (дизбалансот помеѓу слободните радикали и антиоксидансите), како и митохондријалната дисфункција во умирањето на невроните на субстантианигра.

Генетика

Генетскиот аспект на Паркинсонова болест беше ставен под сомнение уште во 1900 година од страна на Говерс, кој реферирал уште тогаш дека 15% од неговите пациенти имале фамилијарна историја. Меѓутоа дури во последните десетина години, молекуларната генетика ја стави во сериозна игра интервенцијата на генетските  фактори, преку бројни епидемиолошки студии, преку иследувања на близнаци, а  особено со откритијата на моногенетските форми на Паркинсонова болест, иако сеуште е отворено прашањето на откривањето на факторите за генетската осетливост. Бројни анализи и експерименти за сегрегација се во игра за да се верифицира потенцијалната верификација на генетските фактори и факторите од средината, односно опкружувањето, во објаснување на фамилијарната застапеност. Сепак, најновите студии индицираат дека еден мултифакториелен модел се чини дека е   највероватен, при што една интеракција помеѓу генетските фактори и факторите на  опкружување е секако присутна и имплицирана. Во актуелниот момент на сознанија,  со сигурност се потврдени пет локуси врзани за моногенетските форми на Паркинсонова болест. Пет гена се јасно асоцирани на Паркинсонова болест (алфа  синуклеин, дардарин, паркин, ПИНК 1 и ДЈ-1), иследувањата во овој правец се  актуелни во бројни светски  лаборатории.

Клинички манифестации

Класичните инаугурални симптоми кај Паркинсонова болест се тресењето на рацете, микрографското пишување, отежнатото одење, дизартричниот говор, депресивниот синдром, слабеењето и астенијата и несоницата. Постепено со тек на времето оваа клиничка слика еволуира. Се појавуваат нови сиптоми: опстипација, пореметувања во голтањето, ортостатска хипотонија, сфинктерни пореметувања, сексуална немоќ, хиперсебореа, замор, забавување на когнитивните функции, со потешкотии во визуелната експлорација и просторната оранизација, пореметувања во меморијата и тоа посебно во меморијата за порано обавувана активност и во епизодичната  меморија.

Со тек на годините се појавуваат психички пореметувања како и промени во однесувањето на пациентот кон блиските и во околината во која опстојува. Доминира  анксиозност, депресија, понекогаш халуцинации, апатија, конфузни состојби, како и психотични  слики.

Дијагностика

Neuroimaging дијагностиката и параклиничките инвестигации имаат за цел да ја диференцираат Паркинсонова болест од другите паркинсонови дегенеративни синдроми, но и да покажат еветуални лезии на ниво на базалните ганглии. Тоа се Компјутерска томографија, Магнетна резонанца, СПЕКТ, ПЕТ и функционалниот brain imaging.

Од параклиничките инвестигации ќе ги спомениме: електроенцефалографијата, раните сензитивни евоцирани потенцијали, моторните евоцирани потенцијали, електромиграфијата, и др.

Лекување  на Паркинсонова болест

Во последните години медикаментозната стратегија на лекувањето на оваа болест направи голем прогрес, како на полето на хируршкиот третман, на длабоката    мозочна  стимулација, а особено на полето на медикаментозното лекување, со симптоматскиот третман, како компензација на допаминергичниот дефицит, во  контекст на сите нови патофизиолошки сознанија за болеста. За компензација на допаминергичниот дефицит во опција се повеќе можности:

Допаминергици:

-да се внеси Л-допа однадвор

-директно да се стимулираат допаминергичните рецептори (допаминергични агонисти, или допамински  агонисти)

-да се намали катаболизмот на допаминот (ензиматски инхибитори)

Не-допаминергици:

-да се инхибира холинергичната стриатална интерневронска инхибиција, со намалување на допаминергичниот тонус (антимускарински антихолинергици), многу  ретка употреба.

Доктринарно правило е терапијата кај Паркинсонова болест да биде монотерапија, бидејки секоја политерапија носи со себе енормна опасност од медикаментозни   интеракции и секундарни појави.

 

Проф. Д-р Методи Чепреганов - Специјалист по невропсихијатрија и епилептологија 

Поликлиника НЕУРОМЕДИКА

02/2 042-323

Стартуваше полагањето на државна матура

Со испитот по мајчин јазик и литература, 16. 466 ученици го  започна полагањето на државна матура во средните училишта низ Македонија. Татјана Стојанова – Дуева директорка во средното  училиште „Јосип Броз Тито“ вели дека сите правила и прописи за полагањето на државната матура се запазени, но дека  не се согласува со реакцијата на дел од матурантите кои што велат дека се против  полагање државна матура.

„Јас не би се согласила со фактот дека учениците реагираат на самиот чин на испитот на државна матура, зошто повеќе години се спроведува Учениците имаа подолг временски период да се подготват за овој испит, не гледам причина да постои стрес и ги разбирам, бидејќи се сепакученици и тоа е испит на зрелост. Мора да се охрабрат и да го поминат“ - вели Татјана Стојанова Дуева  - директорката на гимназијата "Јосип Броз Тито"- Скопје.

Средношколците со поделени мислења, за едни  државната матура е модел со кој се оценува  квалитетот и вложениот труд, додека  други сметаат дека матурата треба да се укине затоа што е систем со кои не може да се процени вистинското стекнато знаење.

Концепцијата за матура и за завршен испит во средното образование во земјава е усвоена со решение на поранешниот министер за образование и наука, Азис Положани.

Веќе 8 години како матурантите во Македонија полагаат државна матура. Истата во два наврати претрпе низа промени и надополнувања. Во повеќе случаи низ текот на изминатите неколку години. Учениците протестираа против одлуката на Министерството за образование и наука да се полага државна матура. Вкупно 17 800 матуранти полагаа пробна матура во 2008 година.

Покрај државната матура,  воведено е  и екстерното тестирање, реформа воведена пред 6 години која ја следат низа контроверзии. Од МОФ велат дека по итно треба да се прекине екстерното  тестирање. Над дваесет и пет илјади граѓани ја поддржаа нивната петицијата со која од надлежните институции  бараа  екстерно тестирање да се прогласи за пробно.

„Во екстерното тестирање вистински не е поставено кои се параметрите и која е целта, односно не се мери квалитетот на образованието, наставните програми и какво влијание има врз учесниците.“ - вели Теодора Столевска – Младински образовен форум.

СДСМ поднесе иницијатива до парламентот за укинување на екстерното тестирање по скратена постапка. Но, неизвесно е тоа дали ќе се случи, бидејќи се уште  не е формирана влада. Пратеникот на СДСМ, Стефан Богоев вели дека е неизвесно дали оваа година ќе се укине екстерното и поради тоа апелираше до партиите од мнозинството да се донесат потребните измени.

„Поради суштината на екстерното, голо меморирање на факти, кое учениците понатаму не можат никако да го искористат, сметаме дека веднаш треба да се укине овој концепт. Ние поднесовме брање да се укине ектерното во Собранието по скратена постапка, но за да се успее да се стигне до петти јуни, односно до првиот ден на полагање на тестирањето, мора да добиеме поддршка од сите политички субјекти.“ - вели Стефан Богоев, СДСМ

Неодамна министерот за образование и наука Пиштар Љутфиу ја потврди информацијата дека сепак ќе има екстерно тестирање на крајот од оваа учебна година, бидејќи, како што вели, законите не може да се менуваат преку ноќ а учениците да започнат со подготовки за полагање. 

За да се укине екстерното тестирање треба да се сменат законите за основно и средно образование како и Законот за наставници. Владата треба да донесе нови измени и да му ги предложи на Собранието. Откако Собранието ќе ги усвои измените, новите законски решенија треба да бидат објавени во Службен весник за да стапат во сила. 

Психолозите: Зошто мажите сакаат анален секс?

Ретко кој маж не сонува за анален секс со својата партнерка, а откриваме и зошто.

Во мислите на повеќето мажи, аналниот секс е најслаткиот можен зачин за сексуалниот живот, велат психолозите. Всушност, тие во еден научен истражувачки труд се позанимавале со прашањето зошто мажите толку многу сакаат анален секс, и резултатите се пет главни причини.

1. Аналниот секс е сосема поинакво искуство од вагиналниот секс, а љубопитството си го прави своето. 

2. Аналниот секс е новиот егзотичен начин да го зачините сексуалниот живот. Нема да ви дојде до анален секс кога тој би бил највообичаената работа која ја практикуваат сите двојки во светот, на редовна база. Но токму поради тоа што аналиниот секс не е на менито, кога еднаш ќе се појави како специјална понуда мажите го посакуваат токму тоа. 

3. Иако не е нешто чудно, аналниот секс се уште е табу. Не е толку шокантен како порано, но уште е табу тема поради тоа што е невообичаен. А поради тоа што делува и малку "непослушно" веднаш им станува попривлечен на мажоите.

4. Не секој го има искусено ова искуство, слично како искачувањето на Монт Еверест. - Ок, дефинитивно повеќе луѓе имале анален секс отколку што се искачиле на највисоката планина, но сфаќате што мислиме. Аналниот секс е нешто посебно, поинакво искуство. 

5. Со оглед на тоа што, како што веќе кажавме, аналниот секс е ретка појава во сексуалните односи, мажите понекогаш сакаат да го пробаат токму поради тоа.

Интересно е тоа што мажите не ги привлекува толку многу самата помисла на анален секс, колку идејата дека ќе можат искрено да се пофалат дека и тие (барем еднаш) го пробале.

Раиола се огласи и го посочи вистинскиот виновник за недоразбирањата меѓу Донарума и Милан

Џанлуиџи Донарума иако е само тинејџер веќе ужива голема почит во светот на фудбалот, па Милан со сите сили се обидува да го задржи својот бисер на „Сан Сиро“.

Меѓутоа засега работите не одат како што треба и младиот голман се уште ја нема продолжено соработака со „росонерите“, па се појавија одредени информации оти тој ќе биде седнат на клупата на резерви наредната сезона ако летово не стави потпис на нов договор.

Овие вести допреа до агентот на Џиџи контраверзниот Мино Раиола кој го обвини медиумите оти сакаат да направат војна меѓу неговиот клиент и клубот.

-Никој не рекол дека Џиџи не сака да го обнови договорот со Милан. Не верувам дека директорите на клубот го кажале тоа, мислам дека се обидуваат да направат војна меѓу мене и Милан. По обврските со репрезентацијата Џиџи ќе замине на одмор и ќе видиме што ќе се случи.Преговараме со Милан, ќе видиме. Ќе процениме некој работи и другите тоа ќе го направат. Не носам никој како слободен агент, -рече Раиола.

Договорот на Донарума со гигантот од Милано му истекува наредната година.

Најчитани

Твитови