Кога животот би бил како во порничите, тогаш цело време само би ги исполнувале сексуалните желби, без да правиме друго нешто.

За среќа, во вистинскиот живот мажите не се воопшто како порно актерите. Ова се митови од порничите во кои многумина веруваат а не би требало:
Мажите мечтаат за секс со осум жени
Се случува во филмовите да видиме по осум жени кои се обидуваат да задоволат еден маж, кој притоа е воодушевен. Но, тој има само еден полов орган. Кога тоа би се случило во вистинскиот живот, тој не би знаел што да прави со толку голи тела, и тешко дека таа ситуација би ја сметал за возбудлива.
Мажите сакаат да ја имаат секоја жена во униформа
Во порно филмовите можеме да видиме дека мажите ја сакаат секоја медицинска сестра, полицајка, и воопшто секоја жена која носи униформа. Во ред, на некој начин тоа е точно, но замислете да сте во болница и ви треба медицинска помош. Тогаш единствено што секој го сака, па и мажите, е да ја добие здравствената помош, а не секс во ординација.
Сите мажи се згодни и без влакна на телото
Актерите во порно филмовите се најчесто детално издепилирани и совршено градени, но вистината е дека без разлика тој колку време минува во теретана, влакната од неговото тело тешко дека ќе опаднат.
Секој маж има голем пенис
Секоја жена сака мажите да бидат благословени таму долу, но не се! Всушност, големината не е важна, доколку тој знае што треба да прави, нели?
Мажите се секогаш возбудени
Во порно светот, изгледа како сите мажи да се луди, напалени и сексуално полудени. Во реалноста, луѓето не сакаат секс 24/7. Понекогаш можеби мажите посакуваат да е така, но дури и ако пробаат, за брзо време ќе сфатат дека тоа е многу исцрпувачки и опасно.