Љубовна игра: Како заведуваат хороскопските знаци?

Кога се работи за љубов, секој хороскопски знак има и сопствен стил. Некои се повеќе срамежливи и никогаш не го прават првиот чекор, за други пак тоа е сосема нормално.

Откриваме што му е најважно на секој хороскопски знак при заведувањето.

Овен 
Овенот заведува со многу самодоверба, и веднаш приоѓа кога некој му се допаѓа. Понекогаш ќе биде интересно доколку другата личност се однесува сосема спротивно. Затоа, кога ќе ви пријде Овен останете женствени и пуштете го да се помачи и да се прашува дали ќе излезете со него или не.

Бик 
Кај Бикот треба да знаете дека е потребно да ги привлечете сите негови сетила одеднаш. Кога веќе еднаш ќе успеете во тоа, тој ќе сака да ве допира и мириса, ќе му делувате магично и ќе се чувствувате посебно.

Близнаци 
Треба да ве интересираат многу теми и да знаете од сѐ по нешто, за да вашиот разговор премине во флерт. Духовито и неформално флертување брзо ќе довде до посакуваните резултати.

Рак 
Ракот заведува лежерно, а потребно е својата љубов (или потенцијална љубов) да ја изразувате во опуштено издание. Кога ќе бидете излезени во друштво потебно е да направите сите што се излезени со вас да се чувствуваат пријатно – тоа е она што му се допаѓа на Ракот.

Лав 
Доколку сакате да шокирате некого и ако се чувствувате хиперактивно, насочете ја вашата енергија кон личноста која ви се допаѓа, бидејќи покрај Лав сѐ ќе биде поинтересно отколку што сте очекувале.

Девица 
Ако сѐ ви оди како што треба, ако вашиот живот е среден и ако сте сестрана личност, културна и фина, сѐ што треба да направите е да се потрудите Девицата да го види тоа, бидејќи ќе знае да го цени тоа и да ве гледа со други очи.

Вага 
До љубовта дојдете индиректно – усните нека ви зборуваат едно нешто, а очите друго. Влезете во светот на личноста со која сакате да бидете и ставете го во недоумица дали ви се допаѓа или не.

Скорпија 
Покажете ја својата духовитост преку разговор, а потоа избегнувајте здодевни прашања кои сите ги поставуваат. Наместо тоа поставете некои „валкани“ прашања. Дури и ако сте со години заедно, вашите разговори секогаш треба да бидат „подбуцнувачки“ и шеговити.

Стрелец 
Ако сакате да го импресионирате Стрелецот треба целосно да средите сѐ кај себе, па дури и начинот на одење и говорење. Кога ќе успеете во тоа, слободно можете да ги покажете и вашите карактерни особини.

Јарец 
Овој знак ги сака игрите топло – ладно. Прво опсипете го со комплименти и внимание, а потоа игнорирајте го некое време. Тој нема да знае што следно може да очекува, а вам ќе ви се допадне неговото восхитено очекување.

Водолија 
На Водолиите им е важно вашето размислување за глобалните нешта. Сака места и настани каде што има многу луѓе. Ако знаете каде ќе има многу луѓе, таму и ќе успеете да му се приближите на некој со овој хороскопски знак.

Риби 
Одморете малку од возбудливо тактизирање и пробајте едноставно да бидете нежни. Тоа е баш она што му треба на оној што го посакувате, а е во хороскоп Риби.

Дерматолозите откриваат: Кокосовото масло е одлично но не делува лековито на сите типови кожа!

Веќе подолго време се зборува дека кокосот е лековит, и за бјути предностите од кокосовото масло, за неговите својства кои одлично делуваат на кожата и косата, за лекување на лузни и спречување на стареењето на кожата.

Според дерматологот и научник Џошуа Зејкнер, кокосовото масло е сепак “тешко” за лицето.

“Ова масло има многу бенефиции, но ги затвора порите. Во основа, кокосовото масло е многу заштитено и наместо да се апсорбира во кожата, останува на неа. Посебно не се препорачува за лицата кои се склони на акни и митесерии”.

Иако кокосовото масло е богато со витамин Е, линолска киселина која ја смирува иритантната кожа, сепак ова масло не се покажа како добро за бробата против акни.

Само во одредени случаеви се покажа како одлично против воспаление на кожата и акните:

“Овде мора да ги имаме во предвид гените отколку лековитите својства на маслото. На одредени типови на кожа, маслото од кокос им одговара, а на други не. Некои се многу чувствителни на овој производ, други не и во тие случаеви генетиката игра важна улога”.

Кафето е лек за луѓето со срцеви заболувања!

Новото истражување вели дека секојдневното пиење кафе и чај може да биде од корист за луѓето кои имаат проблеми со срцето и ја поврзало консумацијата на кофеин, како состојка на овие два популарни пијалаци, со намалувањето на стапката на аритмии и абнормален срцев ритам.

Аритмија е состојба во која срцето бие премногу брзо, побавно или има нееднаков ритам. Многу лекари ги советуваат пациентите со атријална или вентрикуларна аритмија да избегнуваат пијалаци кои содржат кофеин. Но овие научници го покажале спротивното.

Тие анализирале 11 значајни научни студии, во кои вкупно биле вклучени 360.000 луѓе и откриле дека кофеинот нема никакво влијание на вентрикуларната аритмија, пишува Гардијан.

Анализата укажува дека внесот на кофеин од 300 милиграми на ден може да се смета за безбеден кај пациенти кои страдаат од аритмија. Тоа е, приближно, количина која е содржана во три шолји кафе.

Сепак, постојат бројни индивидуални разлики кога е во прашање чувствителност на ефектите на кофеинот, земајќи ги во предвид факторите кои водат до аритмии кај некои одделни случаи.

“Во студиите, во кои бил вклучен голем број луѓе, пациентите кои умерено конзумирале кафе и чај имале помал ризик за појава на проблеми со срцевиот ритам. Можно е тоа да влијаело позитивно на должината на нивниот животот”, заклучува тој.

Студијата беше објавена во научното списание на Американскиот колеџ за кардиологија.

Емотивна исповед: Вељко Ражнатовиќ ја отвори душата и прв пат јавно прозборе за неговото семејство и татко му!

Вељко Ражнатовиќ, синот на популарната пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ, почна професионално да се занимава со бокс. Вељко не крие дека неговата мајка би сакала нејзиниот син да се бави со нешто друго, но, секако го поддржува неговиот избор.

“Искрено, мислам дека мојот татко би сакал повеќе да сум некој дипломат, магистер или слично. Мислам дека би сакал да имам три универзитети, но не се сомневам дека би бил горд на мојот избор и триумфи “, изјави Вељко за српски магазин.

Тој вели дека сака да се ослободи од стереотипите “момче на мама”, па затоа избрал боречка вештина.

“Можеби тој  стереотип ме натера на тој спорт  спорт каде што не постои мајка, татко, баба,  дедо. Сам одам во рингот и се борам за својот живот. Јас сум син на Цеца и од тоа не можам да побегнам. Но,  јас сум исто така, син на Аркан и брат на Анастасија“, продолжува Вељко.

Тој верува дека ќе дојде денот кога ќе се наречат само по неговото  име и презиме. Против предрасудите кои постојат околу него, но поради популарноста на неговата мајка, научил да се бори.

Најчитани

Твитови